Груевски може да добива плата од Собранието уште една година


Никола Груевски, кому денеска му беше констатирана оставката во Парламентот и кој по судските процеси доби политички азил во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година. Ова право го има и Павле Богоевски, кој денеска поднесе, а Собранието му ја […]

„Еко свест“: Новиот закон за урбанистичко планирање закана за природните подрачја


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“ смета дека новиот закон за урбанистичко планирање, за кој вчера во Собранието се одржа втора јавна расправа, е закана за природните подрачја во државава. Бара пратениците да не гласаат за него, а Министерството за транспорт и врски како надлежно да ги земе во предвид укажувањата […]

Шекеринска: Ратификацијата на членството во НАТО оди невообичаено брзо


Ратификувањето на членството во НАТО оди невообичаено брзо. Ако се спореди со претходните бранови на проширувања на Алијансата ќе се види дека земјите-членки испраќаат многу силна порака која треба да ја искористиме и да ја цениме, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Првпат се случува во период покус од четири месеци речиси повеќе од […]

По пожарот во Кисела Вода 11 пациенти хоспитализирани на Токсикологија


Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода. – Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел […]

Преработка на сувите гранки за живеалишта во Зоолошката градина


Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки од денеска ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните. Со ваквиот начин на постапување со отпадот, Општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово […]

Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Филиповски од СДСМ нови пратеници


Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница. Извештајот за констатираните оставки  на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници. Се […]

(Фото) Се отстранува летната тераса на „Тренд“ што никогаш не проработе


На триаголникот спроти Општина Центар служби во придружба на полиција ја отстранува летната тераса, каде требаше да биде кафулето „Тренд“. По неколку укажувања, дека градбата е бесправна, и дека таму не е предвидена цврста градба, летната тераса стоеше, но никогаш не проработе, а денеска беше отстранета. Од Општина Центар велат дека имаат информации оти уште […]

Констатирани оставките на Груевски и Богоевски


Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија. Груевски е осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес. На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле […]

Конзорциумот „Шолц“, Ц.И.О.С и „Сплендор МАК“ ќе биде приватен партнер за управување со „Дрисла“


  Конзорциумот составен од „Шолц“ АГ – Германија, Ц.И.О.С. – Хрватска и „Сплендор“ МАК Дооел од Република Македонија ќе биде приватен партнер за вложување во јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“, а со цел вршење на концесиска дејност-депонирање на отпад во депонијата, одлучија советниците на Град Скопје на седница на Советот. Комисијата за […]

Шпекулација е дека „метлата“ ќе ги зафати Тевдовски и Анѓушев


Гласините дека „метлата“ ќе го зафати министерот за финансии Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по барање од скопската организација на СДСМ се шепкулации, оцени денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Овие денови се пласираат многу шпекулации и манипулации, а оваа е една од нив. Ние не ги водиме така дискусиите ни […]

Нон-пејпер од 13 членки на ЕУ за поддршка за датум на преговори


Амбасадорите на ЕУ на утрешниот состанок во Брисел на маса ќе го имаат нон-пејперот на тринаесет земји членки на, главно од „Новата Европа“, плус Италија и Австрија, со кој тие сакаат да му дадат нов поттик на процесот на проширувањето на блокот кон Западен Балкан. И особено да ја искажат поддршката за почеток на преговори […]

Поранешни функционери на СДСМ се враќаат во игра


Игор Ивановски, поранешен пратеник и советник во претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски, кој своевремено беше и генерален секретар и потпретседател на СДСМ, денеска се очекува да биде избран за непрофесионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување. Точката за избор на Ивановски е на дневен ред на денешната собраниска седница. […]

Бабиш: Европските политичари мора да го одржат својот збор кон Северна Македонија


Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот […]

Груевски остана без плата, но сега има право на апанажа


Откако денеска ќе му биде констатирана пратеничката оставка, поранешниот премиер Никола Груевски ќе може да побара од парламентот апанажа во висина на платата што ја земаше како парламентарец, а која му беше ускратена дури откако во почетокот на годинава беа донесени измени на Законот за пратеници. Со оглед на тоа што беше избран за пратеник […]

По оставката на Груевски ќе биде прифатена и оставката на Богоевски


Пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен […]

Груевски ќе си оди со оставка


Во 12.30 часот се очекува да почне 102. седница на парламентот на која треба да биде констатирана оставката од пратеничкото место што од Унгарија ја испрати  поранешниот премиер Никола Груевски, кој е сега бегалец и азилант во Будимпешта. Оставката се констатира без изјаснување и без дискусија. Иако Груевски не е присутен во земјава за да […]

На местото на Груевски ќе седне Ѓоко Камчев


Денеска на дневен ред на собраниската седница е предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски на кого, сепак, ќе му биде констатирана оставката која ја поднесе од Будимпешта. На местото на експремиерот ќе седне Ѓоко Камчев. Камчев е роден е на 4.10.1975 во Валандово. Тој е дипломиран политиколог. Тој беше пратеник и во […]

Мемети: Не може да се подобри правосудниот систем само со промена на закон


Правосудството во државата треба да е столбот или гарантот на функционирањето на системот. Сметам дека правиме малку напори за суштински да ги подобриме таквите системи. Не може да се подобри одреден систем ако само парцијално го гледаш, без разлика кој е тој систем. Не можеш да го подобриш правосудниот систем само со промена на закон. […]

Програмата Кембриџ останува и наредната учебна година


Наставната програма Кембриџ по која учат основците нема да се укине, напротив, ќе продолжи да се применува и во следната учебна година, дознава „Независен весник“ од извори во Министерството за образование и наука. Оттаму објаснуваат дека за нешто да се отстрани, алудирајќи на наставната програма Кембриџ, треба да има цврсто аргументирана причина. „Во моментов се […]

Чешкиот премиер Бабиш пречекан со високи државни почести


Премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш, кој денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, претпладнево со високи државни почести беше пречекан пред платото на Владата. Во Владата во тек е среба на чешкиот премиер со неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев. Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава […]