Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава


Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија. Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против […]

Мијалков со своја приказна: Некој го прислушувал дури и началникот


Кога за прв пат во јавноста одекнаа „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски излезе на прес конференција и тврдеше дека „бомбите“ се дело на странски служби, односно дека се снимало со жолто комбе. Ова тврдење на Груевски вчера воскресна во Кривичниот суд додека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков се […]

Атина и Вашингтон работат за успешен старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ


САД – САД и Грција работат на тоа Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ што поскоро, изјави Џефри Пјат, амбасадор на САД во Грција. Според него, Вашингтон и Атина работат за успешен старт на преговорите и тоа може да се случи оваа година. На панелот што денеска се одржа во Атлантскиот […]

Претседателот Пендаровски во посета на Брисел, очекува потврда за датум за преговори


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска  престојува во во работна посета на Брисел. Ова ќе биде прва негова посета на Брисел, откако стапи на функцијата.Шефот на државата ќе има одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни […]

Димитров на министерски состанок на ЦЕИ во Трст


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Трст. Италија е претседавач и домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. На состанокот се очекува министрите за надворешни работи да разменат мислења […]

Вториот извештај на ОБСЕ за активностите на СЈО


Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира Вториот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е резултат од следењето на судските постапки од предметите во надлежност на СЈО од страна на Мисијата. На презентацијата ќе се  обратат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и амбасадорот Клеменс Која, шеф […]

Дескоска: На вистински пат сме за решавање на законот за СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска смета дека е добро што ЕУ нотира дека има волја, спремен е закон, но се уште не е донесен и оти сме на вистинскиот пат кон решавањето на прашањето за СЈО. – Законот е двотретински, не е закон кој се носи само со владејачкото мнозинство, туку потребни се гласови пошироко во […]

Заев очекува по средбата со Меркел прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори


Канцеларката Ангела Меркел, Германија и сите 28 земји членки на ЕУ се конечно позитивни за Република Северна Македонија. Петнаесет години го чекаме овој датум за почеток на преговорите. Заслуживме како никогаш досега. Верувам дека на крајот ќе добиеме конкретна верификација и од канцеларката, но и од Европскиот совет, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ […]

Дебата на УЈИЕ за спроведување на Законот за употреба на јазиците


Подигнување на јавната свест за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците беше насловена тркалезната маса одржана на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во соработка со Генералниот Секретаријат на Владата и Агенцијата за спроведување на Законот за  јазиците. Пред студентите и професорите свои пригодни излагања имаа ректорот Абдулменаф Беџети, заменик генералниот секретар во Владата Тахи Хани и […]

Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност


Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница. Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашат земја во […]

Владата ќе продолжи со исполнување на препораките на УНЕСКО за охридскиот регион


Владата на Република Северна Македонија на денешната 139 седница ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во охридскиот регион. Од Владата информираат дека го задолжиле Заменикот на […]

Тринаесет земји на ЕУ бараат да се отворат преговорите со Скопје и Тирана


Тринаесет земји-членки на ЕУ, воглавно нови членки од Централна и Источна Европа, Австрија и Италија, изготвија нацрт документ со цел да го оживеат кредибилитетот на политиката на проширување на Унијата, пред се кога станува збор за Западен Балкан. Документот, кој има форма на „нон-пајпер“, би требало да биде презентиран на состанокот на амбасадорите на ЕУ […]

Есад Рахиќ нов директор на затворот во Шутка


Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристески и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш Заев побара оставка од Котевски. Оставката му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор […]

Ахмети ги разреши сите претседатели на партиските ограноци на ДУИ


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вонреден состанок на партијата одлучи да ги разреши сите претседатели на партиските ограноци. Според одлуката ниту еден од разрешените претседатели нема право повторно да се кандидира за истата позиција. До изборот на новите претседатели назначени се координатори за секој огранок.  

Џафери и Бабиш очекуваат позитивна одлука во однос на почетокот на преговорите


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со претседателот на Владата на Чешката Република Андреј Бабиш, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја. Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност за помошта и учеството на чешките полициски службеници во надзорот на јужната граница на Република Северна […]

Советот на Општина Охрид го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците


Советот на Општина Охрид се огласи по повод вчерашниот инцидент меѓу советниците, осудувајќи го како чин што не доликува на претставници избрани од граѓаните. – Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советниците се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој […]

Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници


Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници. Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг. Шеснаесет од 29 земји-членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија […]

Град Скопје избра нов концесионер за депонијата „Дрисла“


Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30-та седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Северна Македонија. Оваа одлука, како што соопшти Град Скопје, следува […]

БЕСА: Советникот на ДУИ во Охрид се однесува како локален ,,шериф“, бараме казна за него


Движењето Беса го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците за време на седница на Општина Охрид. Според Беса нивниот советник Џемал Мена на вандален начин бил физички нападнат од советникот на ДУИ. ,,За да и објасниме на јавноста, едно подолго време советникот на ДУИ од општина Охрид се однесува како локален „шериф„, покажувајќи ја неговата сила […]

„Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше Костовски за „бомбите“


Во Кривичнот суд, во првиот дел од денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“, обвинетиот Сашо Мијалков вкрстено го испрашуваше сведокот Звонко Костовски инженер во петата управа во МВР. Му поставуваше прашања во однос на тоа како се зачувувале снимените материјали од системот за следење на комуникации, за што тој кажа дека се зачувувале со […]