(ВИДЕО) По кадата, во Охридското Езеро пронајдени и плочките од бањата


По пронаоѓањето на кадата фрлена во Охридското Езеро во близина на брегот, од нуркачкиот клуб „Акватек“ информираат дека пронашле и плочки.

Спакувани во вреќа се пронајдени плочките, кои веројатно се фрлени откако сопственикот ја реновирал бањата.

Никола Паскали од „Акватек“ информираше дека кадата е извлечена од езерото, но сè уште не е подигната од страна на комуналните служби.