За една недела санкционирани 309 непрописно паркирани возила во Општина Центар


Фото: Б. Грданоски

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела санкционираа 309 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во период од 15 до 22 јули годинава, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 132 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 177 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Фото: Б. Грданоски