Одбележани 18 години од загинувањето на Ѓоко Лазаревски во тетовски Лешок


Во тетовското село Лешок денес се одбележа 18-годишнината од загинувањето на Ѓооко Лазаревски, кој го загуби животот во одбрана на родното место во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит кон залагањето на Лазаревски и давањето најголема жртва својот живот за родното село, беше оддадена со минута молчење, положување цвеќе пред споменикот на Ѓоко, како и подигнување на националното знаме од страна на неговиот син.

Лазаревски како резервен полициски службеник загина на свои 29 години и остави сопруга која го очекуваше раѓањето на нивниот единствен син.

Месното население од Лешок и блиските на Лазаревски организираа пригодно одбележување на годишнината.

– Човек еднаш се раѓа, а двапати умира кога физички заминува од овој свет, а вториот кога ќе го заборават, но Ѓоко вечно ќе живее во спомените на сите жители од Лешок како херој и пример како се брани семејстовто татковината и црквата, беше истакнато во пригодниот говор.

Покрај семејстовто и жителите на Лешок почит му оддадоа претставници на СВР Тетово, тетовската касарна, политички партии, организации и здруженија на граѓани и месните заедници од околните села.