За една недела ќе се полага државната матура


За една недела, на 1 јуни, започнува полагањето на државната матура за која се пријавиле 15.553 ученици од завршните години, што е за 297 кандидати повеќе од лани. Новина годинава е што во групата на изборни екстерни предмети е додаден испитот по предметот социологија. Полагањето на државната матура ќе се спроведува во сите средни училишта […]

Момчето со изгореници од струен удар ќе се лекува во Софија


Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се […]

Спасовски: Безбедноста стабилна, Фронтекс набрзо и на нашата граница


Имаме мирна, стабилна, поволна безбедносна состојба во Република Северна Македонија и очекуваме дека таквиот тренд ќе продолжи и понатаму, оцени минстерот за внатрешн работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Дебар. Посочи дека следува период на полноправно членство на Македонја во НАТО, нешто што е од историско значење за остварување на нашите национални интереси и […]

Протест во Гази Баба – никој не го сака Центарот за зависници во населба


Жителите на Гази Баба денеска протестираа против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Кисела Вода, во општината кадешто живеат. Тие ја блокираа и главната улица Перо Наков со транспаренти со кои бараат власта да се откаже од идејата центарот да се дислоцира во една од просториите на поранешната фабрика Металски завод […]

Измамени стотици граѓани, преку ноќ затворен ланец на продавници за мебел


Стотици граѓани останаа и без пари и и без мебел откако преку ноќ се затворија продажните салони на српско – руската фирма „Нефа мебел“ во Македонија, но и во Србија. Во Македонија, компанијата има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и во Градскиот трговски центар, но и во Велес, Гостивар, Прилеп, […]

Показна вежба на полицијата во Дебар


Презентација на дел од опремата на Министерството за внатрешни работи и тактичко-показна вежба на припадниците на полицијата се одржаа денеска во Дебар во рамки на активностите по повод одблежувањето на Денот на полицијата. Тактичко-показната вежба ја следеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и високи функционери во МВР,  како и градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука, […]

Момчето со изгореници во најбрзо време оди на лекување во странство


Министерството за здравство соопшти дека Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање и дека во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз за момчето кое вчера во близина на железничката станица Трубарево се здоби со изгореници од струен удар. Тоа во најбрзо време ќе биде пренесено на лекување во […]

Траен надоместок за невработен родител кој се грижел за дете со попреченост


Со социјалната реформа се унапредуваат правата на лицата со попречености, но и на семејствата кои се грижат за нив. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата, […]

Американскиот Сенат ни дава зелено светло за НАТО во јуни


Сенатот се очекува да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во јуни, вели во интервју за Гласот на Америка сенаторот Џејмс Риш, претседавач со сенатската Комисија за надворешни работи. -За околу две недели Комисијата ќе има сослушување за Протоколот. Потоа, тој ќе треба да оди на гласање пред целиот Сенат. И […]

Бараките во „Медицинар“ населени од бездомници


Бараките во кругот на Клиничкиот центар, кои до пред некоја година се користеа за сместување студенти, сега се празни, а во нив преспива ромско семејство, а неретко и бездомници и наркомани. Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“, вели дека е известен за проблемот со бараките од Студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ или популарно наречениот […]

Муса: На хирургија во Струга девет здравствени работници заболени од морбили


Во хируршкото одделение во Општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработнеите, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место. Ова го соопшти заменик министерот д-р Асим Муса откако во медиумите излезе информација дека одделението е затворено поради заболување на […]

Заев: Мисијата на Кирил и Методиј е пример за поврзување на различни култури и почитување на разликите


Делото на светите браќа Кирил и Методиј има изворедно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значање за Европа, во светот и во Република Северна Македонија изразено преку нивните мисии меѓу сесловенските народи од 9 век, а просветителската мисија како поттик на епохален цивилизациски процес. Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето денеска на свеченоста […]

Заедничка седница на Владите на С. Македонија и Црна Гора: Се зајакнува соработката во здравството


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Подгорица во рамки на официјалната посета и заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора, се сретна со црногорскиот министер за здравство, Ќенан Храповиќ. На средбата, соопшти Министерството за здравство, станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области, како […]

Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март оваа година во земјава се потрошени вкупно 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се […]

Џафери: Светата столица ќе продолжи да нè поддржува во евроинтегративните процеси


Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките […]

Вестерн лик во Велес: Гари Купер добива мурал под Градски саат


Од Стрип центарот на Македонија (СЦМ) на ѕидот под Градски саат во Велес деновиве интензивно работат на голем мурал со познатиот вестерн холивудски актер Гари Купер, а за кој илустрацијата е на реномираниот стрип автор Владимир Весовиќ од Белград. Муралот го изработуваат велешките цртачи Ване Трајков, Горан Мазнев и Анита Гочева. Томе Трајков  од СЦМ-Велес […]

Тимоние: „Метлата“ треба да замете по сите ќошиња


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за „Независен“ порачува дека евроинтеграцијата не смее да биде само наратив и политички маркетинг, а метлата“ на премиерот не смее да биде селективна и да проработи само таму каде што му се допаѓа, туку да замете по сите ќошиња. Сепак, оценува амбасадорот, многу поважно од тоа да се „скинат“ […]

Ќе ја преживее ли Груевски оставката на Богоевски ?


Оставката што ја најави вчера пратеникот Павле Богоевски, кој влезе во Собранието како еден од предводниците на „Шарената револуција“, предизвика пресврт на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Тој потег претставува своевиден преседан, со оглед на тоа што досега не се памети пратеник да замине од функцијата од етички причини. Така, наместо очекуваната […]

Конгресот на САД потврди: Џес Бејли добива наследник во Македонија


Конгресот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Македонија. Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од […]

ДУИ вознемирена, Пендаровски мртов ладен


Со назначувањето на Еролд Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, шефот на државата Стево Пендаровски чепна во незаздравена рана на ДУИ, која застана зад неговата кандидатура. Ваквото кадровско решение за прв човек на безбедносно разузнавачката служба, која е во надлежност на претседателот, беше обелоденето само два дена откако лидерот на интегративците Али Ахмети […]