Од 30 минути до еден час се чека на граничниот премин Богородица


На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 до 60 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.