Колони на „Богородица“,на „Табановце“ празно


Продолжениот викенд донесе, очекувано, колони возила на јужната граница, па така, ако се суди според снимките од камерите на границата со Грција, се гледа дека поголем број возила чекаат на влез во соседна Грција. Според надлежните служби официјално на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, но неофицијалните […]

Заклучоците за Северна Македонија постојано се менуваат, конечната одлука кај ЕУ министрите


Белгија- Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се во постојан контакт и разговараат за заклучоците за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, а не се исклучени нови состаноци во текот на овој викенд. Со оглед на политичката чувствителност на прашањето, конечната одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник, брифираат од […]

Нема метеж на Граничниот премин „Табановце“


Нема метеж на Граничниот премин „Табановце“, информираа денеска надлежните. – За влез во државата се чека пет минути, а за излез четири минути, соопштија од дежурната служба од ГП „Табановце“. Сообраќајот се одвива тековно.

Заев: Знаеме како избега Груевски


–Знаеме како Груевски избега од земјата, тврди премиерот Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Како што објави денеска Дојче Веле на македонски јазик, во интервју за ФАЦ, премиерот Заев првпат открива детали од бегството на Груевски за кои досега се шпекулираше во јавноста. Од Обвинителството не ги потврдуваат тие информации. Заев […]

Во германската Влада нема дилеми околу ЕУ перспективите на Северна Македонија


Во Берлин веќе нема дилеми околу напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Се поизвесно е дека Албанија, поради политичката криза, ќе отпадне од пакетот, пишува германската новинска агенција ДПА. Како што објави денеска Дојче веле на македонски јазик, и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за […]

Честитки од Трамп и Путин до Пендаровски


По повод изборот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во писмото со честитки до претседателот Пендаровски, пишува дека денес, нашите две нации се поблиски од кога било претходно. „САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето […]

Во Скопје санкционирани 36 возачи што ја пречекориле дозволената брзина


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 […]

Спасовски: „Големите ѕверки“ да бидат третирани како граѓаните


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не престанува со апелите до судиите и јавните обвинители сите да ги третираат исто, односно „големите ѕверки“ да бидат на ниво на обичните граѓани. Откако ниту еден судија и обвинител не се препозна во неговите повици и претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев порача дека одговорноста треба да се […]

Колони возила на граничниот премин „Богородица“, се чека 40 до 50 минути


На граничниот премин „Богородица“ уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд. Од дежурната гранична служба изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес“ и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја […]

Сијарто: Груевски бил главен консултант на Будимпешта за Западен Балкан


Расправата во унгарскиот парламент се претвори во кавга за експремиерот Никола Груевски, откако опозицијата ја обвини власта дека му помогнала да избега од правдата. Опозициската пратеничка Агнес Вадаи постави прашање за целта на тајните средби со Груевски, споменувајќи го состанокот со заменик државниот секретар во унгарското МНР во еден стан на Кинези во Будимпешта. Шефот […]

Бундестагот наесен ќе одлучува за датумот


Потврда дека германскиот Бундестаг ќе одлучува наесен за добивањето датум за преговори со ЕУ вчера стигна и од пратеничката група на германскиот парламент која беше во Скопје. Шефот на германската делегација Јосип Јуратовиќ кажа дека до состанокот на Советот на ЕУ на 18 јуни ќе нема одлука од германска страна. „На првата седница тоа не […]

Земјотрес почувствуван во Охрид и Струга


Умерен земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2:21 часот рано изутринава е почувствуван во охридското епицентрално подрачје. Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на потресот е во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора. Нема информации за предизвикани материјални штети освен вознемиреноста кај локалното […]

На 17 и 18 јуни запишување во средните училишта


Во средните училишта в понеделник и во вторник, 17 и 18 јуни, е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е […]

Стартува пробниот попис на населението, домаќинствата и становите


Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ќе започне со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите. Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. Како […]

Познат е и денот кога ќе влеземе во ЕУ


ЕРОЛ РИЗАОВ Од Берлин стаса многу лоша вест само за нашите тазе прешалтувани балкански (евро)скептици во големи поборници и лобисти за влез во Европа. Не може со стопроцентна сигурност да се одреди дали оваа среда или идниот петок ќе почнат преговорите со ЕУ. Многу вознемирувачки. Тоа за нив воопшто не е и никогаш не било […]

Посебен сообраќаен режим поради Задушница


Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот на сообраќајниците околу гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница. Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно возилата ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на […]

Високи температури од жолта фаза, граѓаните да ги почитуваат препораките


Со високи температури од жолта (алертна) фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степен, а […]

Скандал: Алиоски избркан од ресторан, бидејќи со своето семејство зборувал на албански јазик, реагира ФФМ


Фудбалската федерација на Македонија најостро го осуди говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор, Езџан Алиоски. „Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната […]

Нема дилема во ЕУ – Северна Македонија е подготвена за старт на преговорите


Замениците на претседателот на Владата, Бујар Османи и Радмила Шекеринска, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беа дел од емисијата „Патот кон“, на Алсат-М телевизија. „Канцеларката Меркел го потврди ставот кој веќе претходно го пренесоа и Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, но и Високата претставничка […]

Мицкоски: Летово нема датум за преговори со ЕУ


Ова лето, ниту во јуни, ниту во јули нема да добиеме датум за отпочнување преговори со ЕУ, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија. Тој најави дека ќе предложи на Извршниот и на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ со сиот свој потенцијал на ниво на висок дијалог да работи со Владата […]