Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава


Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска во Владата прими словачка бизнис делегација предводена од државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек и словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш. Од Кабинетот на Апостолска соопштија дека во рамки на посетата пред делегацијата биле претставени владините економски политики и […]

ЕУ до октомври ќе се наврати на прашањето за Македонија


Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург. Оваа верзија бележи ситни промени, како поздравувањето на договорот од Преспа, на што инсистираа поддржувачите на Северна Македонија во Советот, и елемент кој внесува […]

Теди, мечето од Штип ќе добие ново живеалиште


Мечето Теди од штипскиот ЗОО парк, ќе добие подобро живеалиште. Според градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пропадна обидот Теди да замине во скопската Зоолошка градина или да биде пуштен во некој од резерватите во земјава. Стручните лица се децидни дека Теди не може да се пушти во природа. Од мал е научен на кафез […]

Заев: Се препознаваме како атрактивна дестинација за инвестиции


Република Северна Македонија, се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и постои голем интерес од реномирани компании за инвестирање, изјавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кои денеска во Лондон учествуваа на Форумот за Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ во организација на Фајненшал Тајмс. -Имаме неповторлива можност заедно […]

Судскиот совет ќе го разрешува Панчевски?


Судијата и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски со чие име беше врзана аферата за АКМИС системот во Кривичниот суд, односно доделувањето на судски предмети на подобни судии, се најде пред членовите на Судскиот совет. Барањето за утврдување на одговорност на Панчевски ја поднел член на Судскиот совет. Според процедурата, Судскиот совет формира комисија […]

Договорено одржување на паркот во Топаанско Поле


Општина Чаир се залага за позелена населба, па во согласност со тоа, денеска се сретнаа градоначалникот Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча, за да договорат создавање нови парковски површини таму каде некогаш не постоеле и за уредување на постоечките паркови. За координирање на следната инвестиција која се однесува на реконструкцијата […]

Компаниите од ИЗ Визбегово рагираат на долгата реконструкција на мостот Јадранска магистрала, од Град Скопје бараат разбирање


Компаниите од Индустриската зона во Визбегово денеска спроведоа мирен протест во знак на револт поради предолгиот период на реконструкција на мостот на Јадранска Магистрала. Од Здружението на компании од Индустриска зона Визбегово, нагласија дека реконструкцијата се одвива предолго, бараат од локалните власти да работат поефикасно. – Сметаме дека доколку се работи поефикасно, во три смени, […]

Нецелосната транспарентност на државните институции, пречка во борбата против корупцијата


Државните институции не се целосно транспарентни и недостига инклузивност на сите засегнати страни во процесот на креирање политики, а постои и недоследна имплементација на домашната регулатива, што се клучни за ефективна борба против корупцијата. Ова се заклучоците од извештајот во сенка за вториот процес на ревизија и имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција […]

Со стипендии „Борис Трајковски“ ќе се учи на Сити колеџот во Солун


  Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, Арбер Адеми и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, Јанис Верверидис, денеска го потпишаа протоколот за соработка за доделување на стипендии „Борис Трајковски” за академската 2019/2020 година. Потпишаниот […]

Шекеринска:Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста


Земјава за само една година успеа да ја поправи својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Ваквиот напредок во споредба со 2018-та, е резултат и на Преспанскиот договор, смета вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Индексот кој ги рангира земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои […]

Кејт Бурнс во јули во Македонија


Новата амбасадорка на САД, Кејт Бурнс, наскоро доаѓа на функцијата во Северна Македонија. Според неофицијалните најави Бурнс ќе допатува до средината на јули, откако вчера во Вашингтон свечено беше промовирана во нов амбасадор. На церемонијата поранешниот амбасадор кај нас а сега помошник државен секретар за Европа, Филип Рикер, порача дека таа ќе ја води новата […]

Судијата Туфегиќ побара од обвинителите во Таргет-Тврдина да бидат поконцизни заради забрзување на процесот


Со сослушување на сведокот Сашо Трајковски, вработен во УБК, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. На прашање на обвинителот Артан Ајро, сведокот во однос на капацитетите за следење на системот Верин и Најс односно за можноста за маркирање броеви, рече дека за првиот не може да се сети, додека, пак, на […]

Четирикратно зголемен бројот на мандатни казни изречени од комуналните редари во Скопје


Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во периодот јануари – мај 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни, што претставува четирикратно зголемување на бројот на изречени казни во споредба […]

Дебатата за преговорите со Северна Македонија и Албанија во Советот треба да почне


Министрите за надворешни работи на ЕУ кои заседаваат на Советот за општи работи на Унијата во секој момент треба да отворат дебатираат за проширувањето и за датумот за преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци усогласени синоќа на ниво на амбасадори на земјите членки на ЕУ се за нијанса понеповолни од претходните, со оглед […]

Сведок на СЈО тврди дека системот генерирал различни букви кога Мијалков и Грујевски се логирале


Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет Тврдина“, во исказ пред судот рече дека со неговите колеги гледале како поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логираат на системот за следење на комуникациите. – Се логираа од […]

Наместо кон иднината, пак гледаме кон Делчев


Јавната врева со зовриени емоции за тоа чиј бил Гоце Делчев не престанува. Примитивната кавга, која индикативно започна со изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, дадена по првиот состанок на заедничката меѓувладина комисија, тело кое произлезе од Договорот за добрососедство меѓу двете земји, дека нема компромис со вистината бидејќи Делчев е Бугарин, ги […]

ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија


Медиумите на германски јазик предвидуваат неизвесен исход на денешниот состанок на шефовите на дипломатии на земјите-членки на ЕУ во однос на датумот за преговори за С. Македонија и Албанија, пишува Дојче Веле.   „Зелено светло за Северна Македонија, црвено за Албанија?“- под овој наслов порталот Еурактив на германски јазик објавува широка анализа во пресрет на […]

Боларис: Може да се најде решение и за црковното прашање


Со преговори и разговори во кои би учествувале и српската и вселенската патријаршија, може да се најде решение и за црквата на Скопје, вели заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис во интервју за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. -Мислам дека и за црквата што постои во Скопје, која […]

Спасовски и Манчевски пак потпретседатели, но ќе останат ли министри?


Следната седмица би можела да се одржи собраниската седница за разрешување на дел од досегашните членови на Владата и за именување нови министри или заменик-министри, откако премиерот Зоран Заев се наврати на идејата за владина реконструкција. Таа одлука Заев ја објави на седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид, отфрлајќи ги другите можни сценарија […]

Претседавачот на ОБСЕ, шефот на словачката дипломатија Лајчак во посета на земјава


Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре престојува во посета на Северна Македонија. За време на престојот Лајчак ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој ќе […]