Вицепремиерот Османи на средба со српската амбасадорката Дивјак-Томиќ

Фото: Б. Грданоски
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе има заедничка работна средба со српската амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ, заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и Фрек Јанмат од Делегацијата на Европска Унија во земјава.

На средбата, што ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија 2016 – 2020.