По Илинден, Мицкоски на одмор во Хрватска, Заев во Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се враќа од дводневната посета на Будимпешта и во Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе во петок, ќе присуствува на […]

Независните ќе ѝ ја земат „власта“ на ВМРО-ДПМНЕ во комисиите


Осумтемина независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ може да бидат „клучот“ за решавање на дисбалансот во некои од собраниските тела, каде што мнозинството сега е под контрола на опозицијата, што дојде до израз на последната седница на Комисијата за избори и именувања. Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик-координаторка на независната пратеничка група, побара вчера во […]

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов


ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: […]

Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години


Жените во Северна Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат. Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години. Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција […]

Попис па избори или обратно


Додека Владата се подготвува за попис на населението и домаќинствата, ВМРО-ДПМНЕ очекува предвремени парламентарни избори. Овие две операции, според проценки во политички кругови, иако не се исклучуваат една со друга, речиси е невозможно да се спроведат во сличен временски период, особено ако се има предвид и очекуваната одлука за тоа дали Северна Македонија во октомври […]

Русковска: Катица Јанева го форматиралa вториот телефон, што беше „изгубен”


Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вечерва за Канал 5 потврди дека е бил вештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет „Ајклауд“. Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот „Ајфон“ Иако поминаа повеќе од […]

Мицкоски се сретна со Орбан


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Обран. На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи како и прашања поврзани за меѓусебна соработка […]

Владата побара вонредна контрола за квалитетот на детските играчки


Владата, на денешната 148 седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, која се однесува на првиот квартал од 2019 година. Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да […]

Владата ги утврди активностите за спроведување на ветингот во МВР


Владата на денешната редовна 148 седница ги утврди активностите за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР и го задолжи Министерството најдоцна до 20 август годинава да формира Работна група со задача да изготви Предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот што треба најдоцна до 1 октомври годинава да […]

Влада: В зима ќе почне да се гради новиот Универзитетски клинички центар во Ѓорче Петров


Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е една од одлуките донесени на денешната 148-ма седница на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на […]

Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид


Премиерот Зоран Заев вети дека охридскиот советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, односно дека нема да биде заштитен. „Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. […]

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева. Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули […]

Од Северна Македонија годинава на аџилак 850 верници


Од Република Северна Македонија на аџилак ќе заминат 850 верници. Најмалиот верник е на петгодишна возраст додека највозрасниот има 82 години, изјави за МИА, Муземил Османи, шеф на кабинетот на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија. Според него, во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот првата група отпатувала […]

Мијалков останува без пасош, а Кочан заминува во затвор


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков останува без пасош, односно Кривичниот совет го одби неговото барање да му го врати пасошот за да оди на операција на желудникот во Прага. Советот одржал седница и ја разгледал медицинската документација на Мијалков, но одлучиле дека неговото барање е несоновано. Против ова решение Мијалков може да се жали […]

Градот го доби парното, дали ќе стане поевтино?


На денешната владина седница  се донесе одлука на Град Скопје да му се даде на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи (ГЕС). Градот Скопје преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица на затоплувањето […]

ДЗР утврдил слабости во јавните набавки, високото образование и локалните самоуправи


Слабости во спроведување на јавните набавки, во високото образование, во локални самоуправи, како и основа за кривично дело утврдил Државниот завод за ревизија во работењето на институциите во 2017 година. Ова, како што беше истакнато на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, е наведено во годишниот извештај за работата на ДЗР во 2018 […]

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара прераспределба на комисиите и учеството во работните тела на Собранието


Македонското Собрание на денешната 109-та седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација. Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, пред гласањето истакна дека по […]

Османи: Морина треба итно да се ослободи


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека лично од првиот ден е ангажиран за ослободување на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен пред пет дена на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион. – Очекувам одговор, имам поднесено службено барање […]

Борисов повторно ќе слави Илинден во Скопје


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, в четврток, доаѓа во нашата држава за да, заедно со нашиот премиер Зоран Заев, заедно се поклонат на гробот на Гоце Делчев и да го прослават празникот Илинден. Според информацијата во бугарските медиуми Борисов ќе присуствува само на церемонија во црквата Свети Спас и нема да присуствува на Мечкин Камен, а […]

Димовски: Пописот да биде по стандардите на Евростат, односно 2021 година


Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Тие не се мали и се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Евростат. Само таков попис може да биде од корист на сите, а не операција која ќе предизвикува страв или радост кај […]