Боки 13 однесен во болница поради болки во градите


Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денеска од затворот во Шутка е пренесен на скопските клиники, дознава Алсат М. Тој е примен на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите. Бојан Јовановски повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како еден од обвинетите во […]

РКЕ ќе ја допрецизира методолгијата за утврдување на цената на нафтените деривати


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работи на измени на правилникот за определување на малопродажните цени на нафтените деривати, но тие нема да влијаат врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Во овој момент, инфрормира, собираме податоци од поголемите трговци со нафта и нафтени деривати на кои им имаме […]

(Во живо) Изјава на Илија Димовски


Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, пред седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/972331749779371/?notif_id=1567506900986045&notif_t=live_video_explicit

Спасовски: Ветингот ќе биде транспарентен, ќе се одделат професионалците од оние кои го рушат интегритетот на МВР


Ветингот во МВР ќе биде транспарентен, ќе направи селекција и ќе ги одвои чесните припадници од мала група луѓе кои ја рушат довербата на МВР за свои лични, бизнис, интереси, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за МИА. Некои од припадниците на МВР имаат имот кој може да се спореди со имот […]

„Специјалните“ ќе гонат од „обичното“ обвинителство?


Лага и класична манипулација со јавноста се тврдењата дека ако се префрлат предметите на СЈО во Јавното обвинителство тоа ќе значи други обвинители да работат по нив, со повторно собирање докази и искази на сведоци што, пак, може да доведе до застарување на дел од нив, вели во изјава за „Независен весник“ поранешниот претседател на […]

Моторџија удрил четири жени на пешачки на „Илинденска“


Моторџија вчеравечер удрил во четири пешаци на улицата „Илинденска“ во Скопје. Како што информира полицијата во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје. „Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека […]

„Киро Глигоров“ да биде модел за сите училишта


  Општината им го изгради, а учениците на паметните табли го нацртаа новото основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, кое во средата беше официјално пуштено во употреба. Првачињата седнати во клупите боеја цртеж од училиштето, а едно од нив на паметната табла постави покрив и со два потега го обои во црвено. Тие добија […]

Фетаи: Важно е предметите да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува


Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата коишто ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи. – Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни […]

„Слабото ВМРО од Пржино“ било за Тодоров


Експремиерот Никола Груевски вчера се јави од Будимпешта по подолго време. Ги коментираше настаните од аферата „Рекет“ и заклучи дека за опозицијата е подобро да има редовни избори бидејќи така и победата ќе била повисока, но оти за земјава би било најдобро да гласаме уште утре. Во подолгото традиционално излагање на Фејсбук, поранешниот шеф на […]

Спасовски: „Рекет“ ќе се расчисти докрај и секој што е инволвиран ќе одговара


Интензивно се работи по наредби на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за целосно расчистување на случајот „Рекет“. Тоа е многу важно и за државата и тоа покажува дека институциите имаат сериозен капацитет. Ниту во овој случај, ниту во кој било друг случај, нема можност за заштита на било кој, вели министерот за внатрешни […]

Кирацовски во Обвинителството на распит за „Рекет“


По пратеничката Фросина Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски во врска со случајот „Рекет“. Пратеничката Ременски вчера повеќе од два часа даваше исказ во Јавното обвинителство за, како што рече, се што е […]

Зимава ќе има високи казни за загадувачите на воздухот


Првиот човек на Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, е на чело на сектор кој има 11 инспекции, а најчесто е во фокусот на јавноста кога таа бара акција против оние кои палат огнови на отворени површини и загадуваат. Во интервју за „Мета“ тој вели дека досега имало премалку случаи на казнување во однос на […]

Истрагата за „Рекет“ не ја одмина „Бихаќска“


Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието, а до скоро и потпретседателка на СДСМ, е меѓу првите претставници на политичкиот врв во земјава што се повикани досега да дадат исказ во врска со „Рекет“ – случајот кој речиси два месеци ја тресе политичката сцена во земјава и го наруши кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, чиј опстанок и […]

Контингент на Армијата ќе учествува на вежбата „Syber Junction 19”


Во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, денеска ќе се одржи церемонија на упатување на контингент на Армијата на Република Северна Македонија на вежбата „Syber Junction 19”. На церемонијата по тој повод  ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик началникот на ГШ, генерал мајор, Азим Нуредин и заменик шеф на мисијата на САД, Џенифер […]

Пратениците зад затворена врата ќе решаваат за Јанева


Собраниската Комисија за избори и именувања денеска зад затворена врата ќе расправа по извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако Советот го отфрли барањето на претседателот на Комисијата Илија Димовски да го декласифицира материјалот, а за тоа дали ќе се расправа на затворена или отворена за јавноста […]

Септември – светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети


Здружението за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели „Хема“ го одбележува септември, светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигнитети. За таа цел денеска ќе се одржи прес-конференција на која е најавено дека ќе се обратат заменик- министерот за здравство Асим Муса, доктор Оливер Каранфилски од Универзитетската клиника за […]

Делегација на Венецијанската комисија во Скопје на разговори за Законот за јазиците


Делегација на Венецијанската комисија денеска ќе престојува во земјава, каде ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците. Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, […]

Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро


Точно десет години се навршуваат денеска од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија. На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски […]

Сончево уште денеска, од утре попладне дожд и грмежи


Сончево со мала до умерена облачност ќе биде уште денеска, а веќе од утре и за време на викендот во попладневните часови ќе преовладува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура денеска се движи од седум до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 7. Во Скопје, […]