Тачи: Фер избори за да ги забрзаме чекорите кон НАТО и ЕУ


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи заедно со сопругата го оствари своето право на глас во објектот „Стара градинка“ во Тетово во 9 часот и 30 минути. -Верувам дека денеска ќе имаме успешни, фер, мирни и демократски избори и државата Северна Македонија ќе ги забрза чекорите кон НАТО и Европската Унија-рече Тачи.

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во …

Затворени гласачките места Read More »

Западните медиуми за претседателските избори во Северна Македонија


„Северна Македонија избира претседател по договорот за смена на името“, е насловот на написот на Дојче веле, во кој информира за претседателските избори во државата. Во текстот се посочува дека тројцата кандидати за претседател се про-европски и про-НАТО настроени, но сепак во фокусот на кампањата беше договорот со Грција со кој се реши повеќедеценискиот спор. …

Западните медиуми за претседателските избори во Северна Македонија Read More »

Мицкоски: Да победи правдата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска гласаше во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. -Денеска граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето и со пенкалото во рака зад гласачката кутија масовно да излезат и одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против …

Мицкоски: Да победи правдата Read More »

Заев: Да избереме претседател кој ќе не води напред


Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица. Повика сите да покажат сериозна зрелост ако …

Заев: Да избереме претседател кој ќе не води напред Read More »

Во Скопје најголема излезеност има во Карпош, во Шутка и Сарај најмалку се гласа


Највисока излезеност во скопските општини за претседателските избори до 17 часот има во општина Карпош, каде гласале 43,51 процент од избирачите. Од друга страна, најслабата излезеност на гласачките места е забележана во општините Шуто Оризари и Сарај, каде излезеноста е 16,98, односно 16,68 проценти. Веднаш зад Карпош е Центар каде гласале 43,39 проценти од регистрираните …

Во Скопје најголема излезеност има во Карпош, во Шутка и Сарај најмалку се гласа Read More »

Приведен гласач во кумановско Тромеѓе


Полицијата  привела едно  лице во гласачко место во кумановското село Тромеѓа  кое го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово. За случајот,  како што додаваат оттаму, е во тек подготовка на записник. Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека настанот се случило во 16 :49 часот, …

Приведен гласач во кумановско Тромеѓе Read More »

Дерала: Избирачките одбори мора да ги почитуваат медиумите


Врз основа на извештаите од набљудувачите, како и според сведоштвата на новинарските екипи, одделни избирачки одбори не им дозволувале пристап на новинарски екипи до избирачките места. ЦИВИЛ остро реагира на попречувањето на работата на професионалните новинарски екипи и побара од Државната изборна комисија да упати повик до сите избирачки одбори да ја почитуваат работата на …

Дерала: Избирачките одбори мора да ги почитуваат медиумите Read More »

Излезноста до 17 часот е 35,13 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 17 часот изнесува 35,13 проценти, според пристигнатите информации до Државната изборна комисија (ДИК) од 79,73 проценти од избирачките места на кои досега на гласање излегле 496.784 граѓани. – Доколку би го следел овој тренд на процентуална излезеност, а имајќи предвид дека досега се обработени само 79,73 проценти …

Излезноста до 17 часот е 35,13 отсто Read More »

До 17 часот во Дебар одѕивот 36, а во Центар Жупа 13 проценти од вкупниот број гласачи


Во општините Дебар и Центар Жупа до 17 часот изборниот ден минува без никакви проблеми, но со помала излезност споредено со минатите локалани избори, посебно во Центар Жупа. Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 6.737 лица со право на глас или 36 отсто од вкупно запишаните граѓани. На локални избори во 2017 …

До 17 часот во Дебар одѕивот 36, а во Центар Жупа 13 проценти од вкупниот број гласачи Read More »

Деркоски: Спроведуваме изборен процес, не се занимаваме со дневно – политички шпекулации


Во земјава денеска организираме и спроведуваме изборен процес. Се тече како што треба и е во ред. Со шпекулации од дневно – политички карактер ниту сакам, ниту имам намера да се занимавам, рече претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводни списоци што се појавиле на руски сајтови. …

Деркоски: Спроведуваме изборен процес, не се занимаваме со дневно – политички шпекулации Read More »

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатиот полициски службеник


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово. – Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак …

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатиот полициски службеник Read More »

До 15 часот гласале 28,89 отсто од граѓаните со право на глас


Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 396.252 граѓани со право на глас. Тоа е вкупна излезност од 28,89 отсто. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски ја соопшти излезноста во дел од општините: Аерoдром 35,45%,  Арачиново 14,75, Берово 34,75, Битола 32,82, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24, Валандово 32,5, Велес 32,11, Врапчиште …

До 15 часот гласале 28,89 отсто од граѓаните со право на глас Read More »

МОСТ: Сопругата се потпишала, прилепчанец гласал


Од МОСТ на најновата прес-конференција истакнаа дека забележале две неправилности во избирачкиот процес, но во целина констатираат дека немало посериозни неправилности и гласањето се одвива во најдобар ред. Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности. Само на две гласачки места забележани се …

МОСТ: Сопругата се потпишала, прилепчанец гласал Read More »

ДИК: Одѕивот на гласањето до 13 часот 20,45 отсто


Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти. Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на прес-конференција соопшти дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи. Меѓу општините со најголем процент на излезност се Прилеп со 35,2 проценти, Новаци 33,12, …

ДИК: Одѕивот на гласањето до 13 часот 20,45 отсто Read More »

Јонкер: Поважно е изборите да се демократски, отколку резултатите


Прерано е да даваме оценки за изборниот ден. Ние набљудуваме дали изборите се организирани според меѓународните демократски стандарди. За нас не се важни резултатите, туку изборните процедури. Затоа сме тука да го набљудуваме изборниот процес. Ова денеска го изјави шефицата на Меѓународната мисија за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер, пред основото училиштето „Браќа Рамиз-Хамид“ во …

Јонкер: Поважно е изборите да се демократски, отколку резултатите Read More »

До 13 часот во Тетово гласале 16,71 процент, во Желино само 6,62 отсто


Од 23.510 жители на општина Желино само 6,62 отсто или 1.557 го искористиле правото на глас за претседателските избори. Бројките од останатите општински комисии укажуваат дека оваа општина бележи најмала излезеност. Најмногу од граѓаните кои се одлучиле да го направат својот избор за претседател се бележи во општина Тетово. Таму до 13 часот гласале 13.928 …

До 13 часот во Тетово гласале 16,71 процент, во Желино само 6,62 отсто Read More »

Излезеноста во Куманово до 13 часот е 18,83 проценти


До 13 часот излезеноста во Куманово е 18,83 проценти, во Липково, 5,43 а во Старо Нагоричане, 16,88 отсто. Гласањето во овие три општини, информираат општинските изборни комисии, се одвива тековно. Во Куманово денеска може да гласаат 86.009 лица на 167 избирачки места, вели претседателот на ОИК Куманово, Звонимир Николовски. Во Липково право на глас имаат 25.363 …

Излезеноста во Куманово до 13 часот е 18,83 проценти Read More »

Во општините со мнозинско албанско население слаба излезност за изборите


Излезноста за претседателските избори до 13 часот, според ДИК, од пристигнати повеќе од 75 отсто од избирачките места изнесува 20,45 отсто, но забележителна е разликата за излезност кај општините со мнозинско македонско население, наспроти општините со мнозинско албанско население, каде одѕивот е многу низок. На втора прес-конференција на ДИК, за текот на гласањето за претседател …

Во општините со мнозинско албанско население слаба излезност за изборите Read More »

До обвинителствата нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес


До Јавното обвинителство засега не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес. Како што соопшти претседателот на Комисијата за следење евентуални противправности, Џељаљ Бајрами, пријава нема ниту од граѓани, ниту од кој било друг. -До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства …

До обвинителствата нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес Read More »