Дерала: Избирачките одбори мора да ги почитуваат медиумите


Врз основа на извештаите од набљудувачите, како и според сведоштвата на новинарските екипи, одделни избирачки одбори не им дозволувале пристап на новинарски екипи до избирачките места.
ЦИВИЛ остро реагира на попречувањето на работата на професионалните новинарски екипи и побара од Државната изборна комисија да упати повик до сите избирачки одбори да ја почитуваат работата на медиумите и да не ги попречуваат во нивната работа.