Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната медицинска помош


Поради топлотниот бран што ја зафати земјата со многу високи температури од портокалова фаза, бројот на повици кон службата за Итна медицинска помош (ИМП) во изминатиот викенд е зголемен, како за интервецнии така и за совети. Во неделата екипите на ИМП имале околу 80-тина интервенции, а во саботата 76 интервенции. Д-р Весна Неделкоска, шеф на […]

Пожарот на депонијата Русино изгаснат, ризик од повторна појава на оган


Состојбата по избувнувањето на пожар на регионалната депонија Русино, близу Гостивар од утрово е стабилна. Локалните власти велат дека огнот е изгаснат, но непријатна миризба сé уште се чувствува на повеќе места низ градот. Пожарот на депонијата се појави во саботата наутро и предизвика реакции на граѓаните кои се жалеа на чадот и лошата миризба […]

Поради дефекти делови од Скопје денеска без вода


Дел од корисниците на булеварот „Партизански одреди“ згради 129 и 131 денеска од 8.30 ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Од 9 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и дел од улицата „Прохор Пчински“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на булеварот „Партизански одреди“ е […]

На само неколку километри од Скопје, а без вода и канализација


Лоцирани на само неколку километри од центарот на Скопје, селата Сопиште, Горно и Долно Соње, Ракотинци и Добри Дол во летниот период често пати се случува да останат без вода или да бидат со намален притисок на водата. За време на продолжениот викенд (2,3 и 4 август 2019 година) делови од Сопиште беа без вода […]

Нема поубаво чувство: На велосипед низ Македонија


Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични! Ви предлагаме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на […]

Туристи од Индија го посетија брегалничкиот регион


Откако пред неполн месец туристи од Малта имаа прилика да се запознаат со убавините на Малешевијата, деновиве вљубеници во природата од Индија го посетија брегалничкиот регион. Според лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, кој ја придружуваше групата од градот Бомбај, се работи за прва посета на овој регион на гости од Индија. -Во претходен договор со […]

Кој направил пакт со ѓаволот – Јанева или Камчев?


Двајцата се како хиени, заеднички им е бизнисот и секако заедничкиот интерес, едниот сака кеш, а другиот сака слободата да си ја купи со кеш. Двајцата главни јунаци во турбофолк мафијашката серија се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и богатиот бизнисмен Орце Камчев. Нивните разговори македонската јавност ги слуша цел викенд, а во нив […]

На Богородица и Табановце се чека околу половина час


Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека 15 до 30 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно […]

Продолжува судењето за „Титаник“, надлежен обвинител е Лиле Стефанова


По едномесечната летна судска ферија, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Последното рочиште за овој предмет на 5 јуни беше одложено поради неприсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите. Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер […]

Обвинителите на СЈО неделава на рочишта за своите предмети, но и на сослушувања во ЈО


Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство. За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август. За неделава рочиште […]

Уште три дена многу високи температури, од четврток мало освежување


Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржи до 14 август. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во […]

Ивановска: Досега не сме добиле никакви наредби или сме имале какви било притисоци во работењето


Никој досега не вршел каков било притисок за некој предмет во Државната комисија за спречување на корупцијата. Доколку тоа се случи има законска заштита и за тоа ќе биде известено Собранието на Република Северна Македонија. Ова во истакнува претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска во интервју за ТВ 24 вести одговорајќи на прашање поврзано со отворениот […]

Ветеринарниот факултет со потврда за антракс, нема заболени меѓу нивните вработени


Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје потврди за позитивен резултат на антракс и информира дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи. Согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје […]

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен


Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак“. Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот. – Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. […]

МЗ: Нема заболени граѓани од антракс


Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс. Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството.

Пренасочен сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка


Поради сообраќајна незгода на регионалниот патен правец Прилеп-Градско, кај м.в. Камен Дол, сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта, информира Автомото сојузот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се наведува, е зголемен и има зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање за излез […]

Се реконструираат повеќе улици и булевари во Скопје


Продолжуваат градежните активности за реконструкција на коловозите на поголем број улици и булевари во Скопје, соопштија од Град Скопје. На територијата на општина Ѓорче Петров се реконструира улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри. Вчера почна и реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“, на […]

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи


Белгија – По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, синоќа на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи. – #Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, […]

Ларис Гајсер го користи случајот „Рекет“ за напади врз Могерини


Италијанскиот новинар со словенечко потекло Ларис Гајсер, кој за пошироката македонска јавност стана познат со објавувањето на снимените разговори за случајот „Рекет“, денеска на интернет изданието на весникот „Ла Верита“ објави видео колумна во која главна цел на напади се Европската унија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Федерика […]

Граѓаните поседуваат 621 илјада парчиња оружје, само четвртина се регистрирани


Околу 621 илјада парчиња оружје поседуваат граѓаните на Република Северна Македонија, односно 29.79 парчиња по глава од жител. Од нив, само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey“ (SAS). Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по […]