Тачи: Фер избори за да ги забрзаме чекорите кон НАТО и ЕУ


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи заедно со сопругата го оствари своето право на глас во објектот „Стара градинка“ во Тетово во 9 часот и 30 минути.
-Верувам дека денеска ќе имаме успешни, фер, мирни и демократски избори и државата Северна Македонија ќе ги забрза чекорите кон НАТО и Европската Унија-рече Тачи.