Нема нови позитивни случаи на коронавирусот во земјава, властите апелираат да се почитуваат препораките


Резултатите на последните три лица, два завчера и едно вчера, кои беа тестирани за коронавирус се негативни, но властите сепак апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките доколку патувале во региони каде се е регистрирани случаи на болеста, како да се почитува одлуката за откажување на јавни собири. Министерот за здравство Венко Филипче вчера […]

Интервју: Има многу работи што треба да се поправаат на „Скопје 2014“


Се надеваме дека некој ден повторно ќе ги видиме зградите што се закопани под оваа архитектонска одвратност, вели проектантот за реконструкција на салата  „Партизан“, Томас Ромеро Тали Томас Ромеро Тали, Матеус Сатори и Хавиер Ромеро се архитектонското трио кое го создаде идејното решение за реконструкција на руинираната сала „Партизан“, во населбата Карпош 4 во Скопје. […]

„До пеколот и назад“: исповед на заболен од корона вирусот


Тајгер Је (21) живее во Вухан и првите симптоми ги доби во средината на јануари. Еве ја неговата приказна за болеста и опоравувањето На 17 јануари сите мускули почнаа да ме болат. Можеби имав мала треска, но не беше доволно силна за забележување. Гледајќи наназад, тоа е малку страшно, затоа што мојата куќа и јазичното […]

СДСМ го обвинува Мицкоски за рaботењето додека бил директор на ЕЛЕМ


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска претстави документи, според кои, наводно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, расипнички се однесувал во времето додека бил директор на ЕЛЕМ. Според партијата, Мицкоски склучил договор за адвокатски и советодавни услуги со Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, за 1.600.000 денари кој се однесувал за период од две години. Костадинов тврдеше дека пет месеци […]

Сончево со мала облачност, температурата до 14 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 9 степени до 4 степени, а дневната од 2 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со […]

Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали


Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали. Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е […]

Корона: Бројот на починати во Италија се искачи на 21


Бројот на починати од корона вирусот во Италија достигна 21, а околу 820 луѓе се заразени, изјави началникот на цивилната заштита, додека бројот на оние кои се опоравиле од вирусот се зголемува. Властите велат дека сите жртви биле постари луѓе кои, исто така, страдале од други здравствени проблеми. Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, вели дека […]

Заев го предизвика Мицкоски на дуел во Четвртата изборна единица


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде носител на листата во Четвртата изборна единица која вклучува 19 општини од југоисточниот дел на земјата, вклучувајќи ја и неговата родна Струмица. Заев вечерва на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го предизвика лидерот на опозицијата да ги одмерат силите во […]

ТВ дуел: И Заев и Мицкоски се за правда, но спротивно гледаат на Законот за ЈО


Телевизиски дуел меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски почна со жестока дебата за состојбите во правосудството и Законот за јавно обвинителство. Заев кажа дека не се согласува со тврдењата дека со Маршот за правдата што го организира СДСМ, потврдиле дека потфрлиле на главното ветување дека ќе ја донесат правдата. „Апсолутно […]

Македонија „доволно подготвена“ за борба со епидемии, според Индексот за глобална здравствена безбедност


Во Индексот за глобална здравствена безбедност за 2019 година што претседателот Доналд Трамп вчера го покажа на прес конференција за мерки за борба со коронавирусот, посочувајќи дека САД се први во светот за справување со кризи од биолошки вид, Северна Македонија се наоѓа во групата „доволно подготвени“ земји. Индексот, што се објавува еднаш годишно од […]

Заев: „Мицкоски треба да се срамите од моите лузни“. Мицкоски: „Заев, ќе одговарате“


Во вечерашниот тв-дуел меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дел од дебатата беше за настаните на 27 април 2017 година. „Јас бев нападнат, со лузни сум на челото, и вие треба да се срамите од тоа, бевте во толпата која влезе во Собранието“. Мицкоски не одговори дали има некаква емпатија за страдањата на Заев во […]

ТВ Дуел: Заев и Мицкоски не очекуваат корона вирусот да влијае врз изборите


Со ставови за актуелната состојба со корона вирусот и неговото евентуално влијание на одржувањето на предвремените парламентарни избори почна вечерашниот ТВ дуел на лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои најавија дека ќе носат одлуки за партиските изборни активности во зависност од развојот на ситуацијата и порачаа дека граѓаните […]

Во болница и возачот на комбето со кое патуваше жената со корона вирус


Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека […]

Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок


Со Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за вонсемејна заштита за 2020 година, месечниот надоместок што го добива згрижувачко семејство за сместено дете се зголемува за 30 отсто, почнувајќи со јануарскиот надоместок, што е исплатен во февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика. „Со новиот Закон за социјална заштита се воведе и […]

Влада: До 6 март без јавни собири, спортските натпревари да се играат без публика


Владата денес препорача откажување на јавните собири до 6 март 2020 година, како превенција од ширење на корона вирусот. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите […]

Заев: Да не се лаже ДУИ, коалицијата СДСМ–Беса ќе победи и во Шестата изборна единица


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека коалицијата со Беса ќе биде победник и во Шестата изборна единица, а не ДУИ. Запрашан како ја коментира изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека коалиција меѓу СДСМ и Беса е спротивна на интересите на Албанците, Заев одговори дека одлуката за мултиетничка коалиција е историска. „Јас би му […]

СДСМ ветува просечна плата од 600 евра, минимална од 300 евра и 100 илјади нови работни места


Во новиот четиригодишен мандат СДСМ ветува раст на просечната плата која ќе изнесува 600 евра, на минималната на 300 евра и 100 илјади нови работни места. Ова е дел од економската програма партијата која денес ја презентира претседателот на СДСМ Зоран Заев. „Во изминатите две ипол години ја извадивме државата од колапс, ја кренавме економијата […]

„Алкалоид“ во 2019 со 18 отсто поголема добивка, 1 милијарда денари инвестиции и 218 нови вработувања


Фармацевтската компанија „Алкалоид“ од Скопје во периодот јануари – декември 2019 оствари раст на консолидираните продажби од 13 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 18 проценти, инвестиции во износ од над 1 милијарда денари и 218 нови вработувања. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември 2019 година, продажбите достигнуваат 8.428.009.344 денари, […]

Средба Спасовски – Клуге: Македонија успешно ги применува препораките на СЗО за корона вирусот


Македонија покажала висока подготвеност во примената на препораките на СЗО во однос на ситуацијата со корона вирусот, како во делот на превентивата, така и во реакциите за заштита и е успешен пример како треба да се постапува и за други земји. Ова било констатирано на средбата на премиерот Оливер Спасовски со Ханс Клуге, регионален директор […]

Зеќири: Коалицијата на СДСМ со БЕСА е историски момент


Оценувајќи ја предизборната коалиција на СДСМ и Беса, потпретседателот на СДСМ синоќа изјави дека тоа историски момент за македонското општество. „Не само јас, туку и сите во партијата (СДСМ) и граѓаните се горди што дојдовме до овој момент да коалицираме пред избори. До 2016-та можеше само да се сонува вакво нешто. Другите не веруваа ниту […]