Донирани 300 заштитни визири за членови на Македонскиот полициски синдикат


Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, денеска на Македонскиот полициски синдикат им донираа 300 заштитни визири.

– Ротари Клуб Скопје Камен Мост со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нивниот повик и во овие тешки моменти кога дури работат и со загуба, пренасочија дел од своите финасии или производствени капацитети и понудија помош во заштитна опрема, можеби мала, но за нас како планина голема помош, соопшти Мекедонскиот плициски синдикат.

– Среќни сме што можеме да помогнеме на општеството во овие тешки моменти.Тое една од основните вредности на Rotary International, која членовите на нашиот Ротари Клуб -Камен Мост Скопје од срце ја подржуваат. Истовремено ги поздравуваме активностите на Македонскиот полициски синдикат и даваме подршка за активностите кои тие ги чинат за своите колеги. Продолжуваме со донации кадешто ќе се појави потреба.Со оваа донација ги штитиме оние кои не штитат нас, ја пренесува синдикатот изјавата при примопредавање на донацијата од Радмила Димовска, член на клубот.

– Да се надеваме дека се повеќе компании ќе го прифатат овој наш апел за поддршка во борбата против вирусот „КОВИД-19, бидејќи повеќе од јасно е дека сега е време кога е потребна солидарност и поддршка, за што од исклучителна важност е поддршката и помошта на институции каде во моментов таа е најпотребна. Како Македонски полициски синдикат сме особено среќни бидејќи покрај тоа што ние како Синдикат преку нашите органи и тела издвоивме значителна сума на средства со кои се набавени заштитни средства, на нашиот повик се јавија неколку општествено одговорни компании кои несебично ја поддржаа нашата активност, истакна Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Македонскиот полициски синдикат, како што соопшти генералниот секретар Киро Трајковски, на своите  членови им  распределил околку 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба, 15.000 заштитни ракавици, 2.500 антисептик гелови, 3.000 течни сапуни, средство за дезинфекција на простории од преку 1.000 литри  – Продолжуваме понатаму со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите на терен и која ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата, рече Трајковски.