Околу 2.000 граѓани не ги почитувале мерките за епидемијата


Вкупниот број на лица кои не ги почитувале мерките на Владата за ограничување на движењето, заклучно со денешниот ден, е околу 2.000.

Од нив 108 се лица на возраст до 18 години и 49 се лица на возраст над 67 години.

Од страна на Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство досега се поднесени вкупно 761 кривична пријава и 113 известувања кон против 990 сторители. Кривичните пријави се однесуваат за непочитување на мерките за ограничување на движењето.