Дезинфекција на јавни површини и објекти во Општина Новаци


Општина Новаци и ЈКП Комунална Хигиена” ја почнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини, објекти, урбана опрема, фреквентни места и пешачки патеки.

Активноста е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од корона вирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Екипи од ЈКП Комунална Хигиена” вршат дезинфекција во населените места по утврден распоред. Оперативниот план покрај активности на дезинфекција содржи и активности за миење на локални улици, патишта и тротоари по утврден приоритет и фреквенција. Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, на граѓаните им препорачуваме доследно да ги применуваат мерките на Владата, препораките од Министерството за здравство како и мерките и препораките од Општинскиот кризен штаб, посочи Кузманоски.