(Фото вест) Комунална хигиена во акција против корона вирусот!


Иако од Комунална хигиена побараа трпеливост од граѓаните бидејќи со редуцирано работно време не можат да го соберат отпадот во градот, купиштата ѓубре околу контејнерите изгледаа застрашувачки и од аспект на актуелната борба против корна вирусот.

Место да и се дадат на Комунална хигиена повеќе овластувања, и да се инсистира граѓаните заради епидемијата да користат специјални вреќи а не да го фрлаат отпадот како ќе стигнат, мерката за ограничено собирање отпад се покажа и контрапродуктивна и опасна.