Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференција појасни дека развојните планови на општината се закочени поради тоа што еден месец не може да се донесе ребаланс на буџетот, поради опструкции од советниците на мнозинството. „Повеќето проекти кои што ги ветивме, се започнати, а дел се во завршна фаза“, рече Георгиевски, но не можат …

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба Read More »

ЗНМ: Наредните денови Димовски ќе ја свика седницата за избор на членови во АВМУ и МРТ


Преставници на Здружението на новинари на Македонија денеска имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, со кој било договорено во наредните денови да ја закаже седницата на оваа Комисија, со што, како што велат од ЗНМ, ќе се отпочне постапката за избори на лицата во овие совети како предуслов …

ЗНМ: Наредните денови Димовски ќе ја свика седницата за избор на членови во АВМУ и МРТ Read More »

Во завршна фаза е изградбата на новиот „pumptrack” полигон


Во завршна фаза е изградбата на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”. Новиот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. …

Во завршна фаза е изградбата на новиот „pumptrack” полигон Read More »

За итни случаи од странство ѕвонете во Глобал СОС


Глобал СОС е новиот контакт центар за итни случаи преку кој граѓаните на Македонија кои се наоѓаат надвор од државата ќе може директно да се обратат за која било итна ситуација, а кој директно ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната …

За итни случаи од странство ѕвонете во Глобал СОС Read More »

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева


Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството. – Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната …

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева Read More »

Затворите во државава без пари и професионален кадар


Казнено-поправните домови имаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата. Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, кои беа презентирани …

Затворите во државава без пари и професионален кадар Read More »

Цела влада на одмор во август: Шекеринска во Скандинавија, Манчевски во Италија


Заради интересот на медиумската јавност, Владата соопшти кога и каде ќе одат на одмор нејзините членови. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден. Премиерот Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција. …

Цела влада на одмор во август: Шекеринска во Скандинавија, Манчевски во Италија Read More »

Обвинителството го доби извештајот од вештачењето на телефонот на Јанева


Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството. Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на …

Обвинителството го доби извештајот од вештачењето на телефонот на Јанева Read More »

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме


Законот за обвинителство што во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените со кои СЈО станува дел од новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за …

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме Read More »

Ќе се изработи Катастар на зеленило во Општина Кисела Вода


 Град Скопје заедно со УНДП од денеска почнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во Општина Кисела Вода. Во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрвја и останати насади. – Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило …

Ќе се изработи Катастар на зеленило во Општина Кисела Вода Read More »

Водата во Охридското Езеро безбедна за капење и рекреација


Последните анализи спроведени од Центарот за јавно здравје во Охрид покажуваат дека водата во Охридското Езеро е безбедна за капење, спорт и рекреација. Директорот на Центарот Сашо Точков појасни дека ситуацијата со микробиолошкото загадување на водата во делот на крајбрежјето на плажата кај вливот на реката Грашница е надмината, а анализите спроведени на 15 односно …

Водата во Охридското Езеро безбедна за капење и рекреација Read More »

Жбогар: „Рекет“ покажува дека Обвинителството се бори против корупцијата


Се трудам да го гледам случајот „Рекет“ од позитивен аспект и сметам дека тој покажува оти Јавното обвинителство се бори против корупцијата, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар. Амбасадорот Жбогар нагласи дека е видливо оти во земјава се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и …

Жбогар: „Рекет“ покажува дека Обвинителството се бори против корупцијата Read More »

Харадинај плаќа за злосторства или за таксите и границите


Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, вчера се појави на откривањето на статуите во „Меморијалната академија на патриотите“ во Ораховац. Веќе денеска тој ќе се појави во новоформираниот Специјален суд во Хаг каде е осомничен за злосторства за време на војната во Косово во 1999 година. Српските власти доставиле нова документација и докази со кои …

Харадинај плаќа за злосторства или за таксите и границите Read More »

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата


Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерството за правда за МИА. Посочуваат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со …

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата Read More »

Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, лани регистрирани 123


Сто дваесет и три инциденти и дела од омраза регистрирал Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2018 година. Во најголем дел од нив, односно во 64,2 отсто основ била етничката припадност, а во 25,2 отсто политичката припадност. Најмногу од делата – 67 биле насилство, во 26 имало оштетување имот, а телесни повреди имало во 18 …

Хелсиншки комитет: Се зголемува бројот на дела од омраза, лани регистрирани 123 Read More »

(ВИДЕО) По кадата, во Охридското Езеро пронајдени и плочките од бањата


По пронаоѓањето на кадата фрлена во Охридското Езеро во близина на брегот, од нуркачкиот клуб „Акватек“ информираат дека пронашле и плочки. Спакувани во вреќа се пронајдени плочките, кои веројатно се фрлени откако сопственикот ја реновирал бањата. Никола Паскали од „Акватек“ информираше дека кадата е извлечена од езерото, но сè уште не е подигната од страна …

(ВИДЕО) По кадата, во Охридското Езеро пронајдени и плочките од бањата Read More »

Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж


Претседателот Стево Пендаровски денеска побара од надлежните што е можно побрзо да го решат случајот „Рекет“ и да не се остави ни најмал простор за сомнеж. – Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за …

Пендаровски: „Рекет“ да се реши брзо и до крај, да не се остави ни најмал сомнеж Read More »

Планинарење и капење на 2.200 метри надморска височина на Шар Планина


Околу 140 планинари успеаја да ја поминат патеката долга речиси 15 километри од Вешала до Караниколичко езеро на 2.200 метри надморска височина на Шар Планина, а потоа и да се капат во овој живописен дел на Шар Планина. Во организација на планинарскиот клуб „Тетекс“, во неделата, од Вешала на 1.256 метри надморска височина започна искачувањето …

Планинарење и капење на 2.200 метри надморска височина на Шар Планина Read More »

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна


Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО. – Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот …

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна Read More »

АВМУ бара информации за фактичката состојба во 1ТВ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како регулатор има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво во телевизијата 1ТВ и за да ја утврди фактичката состојба се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да имаат информација од значење за постапката. Во тој контекст, посочуваат од АВМУ, …

АВМУ бара информации за фактичката состојба во 1ТВ Read More »