ВМРО-ДПМНЕ: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија како и цензура секогаш кога ќе се спомене Македонија.

-Уште не стапила на сила, а веќе ги гледаме ефектите. Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед мора да ги цензурира сопствените изјави. Државната новинска агенција не смее да објави негова оригинална изјава, па одеднаш менува нешто што Заев не кажал, само за да не го пренесе тоа што го кажал и тоа без да објасни зошто го прави. Објавува измислен став и ги доведува во заблуда корисниците на сервисот без да наведе дека станува збор за корегирана верзија, по урнек на начинот на кој што работи Заев, а тоа е „ако помине, помине. ако ги излажеме, ги излажеме“, изјави Стоилковски.

Како што вели Стоилковски државната агенција МИА итно цензурирала, извришала, преиначила, сменила, изјава на Зоран Заев, на само едно реагирање на Атина.

Тој кажа дека ова е срам и за МИА и за премиерот на Република Македонија и дека ова не е зачуван образ и идентитет.