Владата и градоначалниците на седница во Штип ги утврдуваат приоритетите на регионот


Општина Штип ќе биде инвеститор за изградбата на браната на река Отиња. Оваа одлука вечерва се носи на владината седница, која се одржува во Штип, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски пред почетокот на седницата, на која присуствуваа министрите, нивните заеменици, како и градоначалниците на општините, кои гравитираат околу градот Штип. -На седницата на Влада присуствуваат […]

(Фото) Полиција на Пајак


Погодете од трипати: Дали ова полициско возило било неправилно паркирано во Скопје па во државата каде владее правото, Пајакот и полицијата заеднички интервенирале и казната е уредно платена, како што е за сите граѓани, или пак Пајакот на товар на граѓаните ја вози дефектната полиција на сервис.

ЈСП од денес вози по зимски возен ред


JСП информира дека од денес, 21 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред. Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран. Од денес автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење јавен превоз.

Чешка не очекува реформата за преговорите да биде донесена пред мартовскиот самит на ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек не очекува дека ќе се постигне договор за реформа на процесот за пристапување кон ЕУ до самитот на ЕУ на 26 март. Во интервју за „Еуроактив“ тој изјави: „Ќе ми биде драго ако мојата проценка е погрешна“. Понатаму тој вели: „Според наше мислење, дебатата за реформата на пристапниот […]

Заев: Со укинување на Преспанскиот договор, би го изгубиле членството во НАТО и во ЕУ


-Како што наближуваат изборите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укине договорот кој не внесе во НАТО и не донесе на чекор до преговори со Европската Унија, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прва по неговото повлекување од премиерската функција […]

Шекеринска: Очекуваме следната недела да почне ратификацијата на Протоколот во Шпанија


Очекуваме веќе следната недела во Шпанија формално да почне процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, бидејќи откако беше завршен изборот на шпанската Влада, се отворија вратите овој процес да започне и се надеваме да заврши за неколку недели, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Одговарајќи на новинарско прашање […]

Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство


Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот. При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес. – Ќе направиме сè во наредниот период […]

(Галерија) Кристијан Ниневски, и лани и годинава, го фати светиот крст за Водици во Скопје


Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води. Ниневски и лани го извади светиот крст од водите на реката Вардар. – Чувството е прекрасно, Бог се […]

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО


СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој чекор, а опозиционерот Антонио Милошоски навести дека постојат одредени шанси за договор за законот, ако се постави како приоритет. Пратеникот на […]

Новиот еврокомесар за проширување Вархеи во Македонија


Во пресрет на Самитот во Загреб на кој Македонија очекува добивање на датум за почеток на преговорите, се засилуваат активностите на европските дипломати. Денеска во Македонија престојува новиот еврокомесар за преговори за проширување Оливер Вархеи кој во моментов е на разговори со премиерот на техничката влада Оливер Спасовски. Претходно високиот гостин се сретна со претседателот […]

Вархелји во прва посета на Скопје


Наследникот на Јоханес Хан, новиот европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархелји, денеска пристигнува во прва официјална посета на Скопје. Еврокомесарот ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Оливер Спасовски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан […]

Оливер Спасовски и Зоран Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх во Истанбул


Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнаа денес со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј. Нема детали за средбата, освен дека се одржала во пријатна атмосфера и дека разговорот бил позитивен. Биле изразени се надежи за успеси на Вселенскиот Патријарх […]

Заев: „Медена земја“ заслужи номинации за Оскар


Претседателот на СДСМ и премиер во оставка Зоран Заев се придружи на честитките за номинациите за „Оскар“ на „Медена земја“ во две категории. -Заслужени номинации за Honeyland за Оскар во категориите Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм. Ова е историски успех за современиот македонски филм, кој за прв пат е со две номинации. Честитки […]

Новиот еврокомесар за проширување Вархеји во среда во Скопје


Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија, дознава МИА од извори од Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар. Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за […]

Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица


Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача […]

Собранието ја избра преодната Влада на чело со Оливер Спасовски


Собранието на Република Северна Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски, кој откако премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, попладнево го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски да ја формира […]

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите


Веднаш по априлските избори да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот во своето годишно обраќање вчера во Собранието им порача на политичарите со ветингот да почнат од своите редови. „Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај […]

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”


Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Одборот за наградата, со кој претседаваше новинарката Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, […]

„Брегзит“ мигранти  ја напаѓаат границата на Македонија


Мигрантската Пандорина кутија повторно се отвора, беше речено на расправата на Националната конвенција за ЕУ за Република Северна Македонија, на тема „Безбедноста на границите низ призмата на различни миграциски бранови“, организирана од Европското движење. Според податоците што ги изнесе советничката за миграции и за бегалци на ОБСЕ, Марија Дебенито Родригез, од јануари до ноември годинава […]

РЕК Битола ќе се затвори, индустријата ќе плаќа данок за загадување


Струјата ќе поскапи, РЕК Битола ќе престане да работи, а индустријата најверојатно ќе плаќа CO2 данок – е цената што ќе треба да ја плати Македонија за да ги имплементира обврските  околу Парискиот договор и за да се справи со климатските промени. Ова беше речено денес на конференцијата „Климатски промени:Глобалните предизвици и националните можности“ што […]