ЕБОР ќе одвои 250 милиони евра за Македонија


Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, на денешната видео конференција за премиерот Оливер Спасовски и министрите Нина Ангеловска и Грешник Бектеши, најавил дека банката ќе ја поддржи Македонија со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот и енергетскиот сектор, малите и средни претпријатија, но и големите компании.

Оваа помош доаѓа во рамките на „Пакетот солидарност“ што ЕБОР че го активира за Западен Балкан за земјите подобро да се справат со економските последици од корон вирусот.

Владата соопшти дека дел од оваа поддршка ќе биде насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка со ЕБОР. Чакрабарти изразил задоволство како македонските власти се справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците.