(ВИДЕО) Филипче : Нема заболени ни во МПЦ ни во ИВЗ


Министерот Венко Филипче соопшти дека ни во МПЦ ни во Исламската заедница досега нема позитивен на корона вирусот. Генерално,според Филипче, веќе трет ден е поголем бројот на излекувани пациенти во однос на тие што се новозаболени.

 -Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 – рече Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, според министерот, се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

-Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19- рече Филипче.

Тој исто така извести дека на Инфективната клиника доброволно  помага наш доктор кардиолог, д-р Игор Балески, кој работи во Марибор.

– Заврши увидот во Велес на Државниот здравствен санитарен инспекторат, па ќе одлучиме како понатаму да постапуваме. На Клиниката на Онкологија заврши инспекцискиот надзор, потвредени се како позитивни 8 вработени, 20 лица се ставени во изолација, а клиниката целосно е во функција- рече Филипче.

Тој демантираше дека третманот на 4-месечното бебе на Детската клиника бил нехуман, односно дека третманот и визитата се одвивале секојдневно.

-Најенергично демантирам дека третманот на 4-месечното бебе не бил соодветен, посебно што јас бев лично вклучен и информиран дека и визитите, и делењето на  терапијата се одвиваа по сите протоколи и во координација и консултација со педијатар“, кажа Филипче на прес-конференцијата.