Околу 700 лица без лични документи ќе добијат прв извод на родени


Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално – правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Во изминатиот период биле идентификувани околу 700 лица без извод на родени кои сега, согласно новиот Закон ќе добијат идентификациона […]

Антикорупциска до сите функционери: без нови вработувања, исплата на вонредни плати, нови градби…


ДКСК ги известува министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, како и јавноста дека од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието и изборот на владата, не може да […]

Скопје годинава ќе вработи нови 25 пожарникари, иако му требаат повеќе од 200


Скопје годинава ќе вработи нови 25 пожарникари, иако му требаат повеќе од 200. Главниот град, но и повеќето општини од земјава се далеку од европскиот просек од еден пожарникар на 1.500 жители. Покрај Скопје, најмногу пожарникари недостасуваат во Тетово, 65 и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидениот минимум. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, […]

Заев ги повика судиите да се ослободат од стегите на политиката и криминалот


Со марш под мотото „Чекориме за правда“ СДСМ и коалициските партнери вечерва најавија ново поглавје во реформите на правосудството, откако во неделата беше усвоен Законот за јавно обвинителство, за кој гласаа 80 пратеници.  Маршот почна од пред Собранието, а заврши пред  комплексот судови, кадешто регулативата, во основа, треба да се примени. Маршот беше за спроведување […]

Расчистена депонијата под Кале, ако повторно се собере ѓубре сопствениците ќе бидат казнети


Градот Скопје целосно ја расчисти депонијата под скопското Кале, која до пред неколку недели беше дива населба каде што се палеа огнови на отворено. Локацијата е во приватна сопственост, а градските власти ги предупредија сопствениците да го оградат местото и во иднина да ја одржуваат хигиената на парцелата. Истото, велат во Градот Скопје ќе важи […]

Анкета на „Рејтинг“: Заев е поприфатлив за премиер од Мицкоски


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, има предност од пет проценти поени пред првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во последното истражување на Агенцијата „Рејтинг“. На прашањето кој би бил подобар иден премиер  на државата 32 проценти од испитаниците му дале поддршка на Заев, додека за Мицкоски се изјасниле 27 отсто од анкетираните граѓани. Според истражувањето, […]

Советот на ЕУ можеби ќе расправа за новата методологија на 25 февруари, а дефинитивно во март


БРИСЕЛ – Советот за општи работи при Советот на Европската унија, составен од министри за европски прашања на земјите членки на ЕУ, можеби ќе расправа на 25 февруари за предлогот на Европската комисија за новата методологија за проширување, изјави портпаролката на Европскиот совет, Лиис Јансалу, за порталот „Јуропиан Вестерн Балкан“. Во секој случај, се очекува […]

ЈСП Скопје го пушти во употреба билетот за едно возење


ЈСП Скопје го пушти во употреба билетот за едно возење, кој може да се купи во автобусите и во билетарниците. Ќе 50 денарии е наменет за еднократна употреба. Новиот билет е хартиен и со вграден безконтактен чип и ќе може да се валидира безконтактно на постоечките валидатори. Цената на останатите видови билети, информираат од ЈСП, […]

„Партизан“ ќе ги обнови салите, но ќе има и многу зеленило и место за дружење


Над 1.500 граѓани досега гласале како сакаат да изгледа салата „Партизан“ на јавната анкета на Општината Карпош, која ја распиша во соработка во организацијата „Културно ехо“. Анкетата завршува утре, а врз основа на мислењето на граѓаните ќе биде избрано едно од двете идејни решенија врз основа на кое ќе се прави главниот проект за реконструкција […]

Џафери контра Димовски: Згрешив, не е крај на светот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли како неточни тврдењата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека Законот за јавно обвинителство и Законот за измени и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители се донесени спротивно на процедурата. Тој на денешната прес-конфeрeнција нагласи дека како претседател на Собранието има обврска да го поништи гласањето доколку има реакција […]

Кејт Брнс: Изминатите три години е постигнат значаен напредок


Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Брнс, го поздрави, како што вели, значајниот напредок на Северна Македонија што е постигнат во изминатите три години. Во изјавата што е објавена на официјалната фејсбук страница на амбасадата, таа нагласува дека ваквите достигнувања помагаат во обезбедување на трансатланската иднина на земјата. „Како што завршува мандатот на […]

Кампањата почнува на 23 март, кандидатите за пратеници ќе се знаат до 12 март


До 12 март на полноќ ќе бидат познати кандидатите за пратеници кои политичките партии ќе ги кандидираат за парламентарните избори што треба да се одржат на 12 април оваа година. Според роковникот на Државната изборна комисија, кој беше утврден на синоќешната седница, ова е крајниот рок до кога партиите ќе треба да ги достават изборните […]

СДСМ денес со марш ќе се бори за правна држава


Со марш под мотото „Чекориме за правда“, што ќе вечерва во 18 часот ќе почне од пред македонското Собрание, СДСМ ја најува битката за правда и за создавање правна држава. Претседателот на СДСМ Зоран Заев маршот го најави вчера, веднаш по усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, кој, како што рече, е темел на реформите […]

Брисел го поздрави усвојувањето на Законот за јавно обвинителство


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеф Борел вечерва изјави дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е важен чекор во имплементацијата на реформите во нашата земја, јави МИА. Борел посочи дека Македонија има волја да направи се што е потребно за да има европска перспектива. Оваа изјава на Борел дојде за време на […]

Џафери ги распиша предвремените парламентарни избори за 12 април


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпиша решението со кое што се распишуваат предвремените парламентарни избори за 12 април. Првично беше најавено дека изборите ќе бидат распишани утре, но според достапните информации тоа морало да се стори уште денес, со цел да бидат запазени сите законски рокови. Од Кабинетот на Џафери најавуваат дека утре […]

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за Законот за Јавното обвинителство


Претседателот Стево Пендаровски, денеска попладне гo потпиша Указот за прогласување на Закон за Јавното обвинителство, што беше донесен денес во Собранието, соопштија од неговиот кабинет. Претсдателот Пендаровски, покрај Законот за ЈО; потпиша Укази и за повеќе други закони кои беа изгласани во парламентот: Закон за неевидентирани лица во матична книга на родени; Закон за изменување […]

ВМРО-ДПМНЕ со правни мерки ќе го оспорува Законот за ЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на прес конференција најави дека неговата партија правно ќе го оспори начинот на кој што е донесен Законот за Јавно обвинителство. Според него изгласувањето на законот било се, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата. „Како почнаа така и завршија“, рече Мицкоски, додавајќи дека […]

Собранието распуштено, отворен патот за избори на 12 април


Едногласно, со 108 гласови „за“, пратениците на деветтиот парламентарен состав, попладнево ја донесоа одлуката за самораспуштање на Собранието и го отворија патот за предвремени парламентарни избори на 12 април годинава. И во завршните обраќања на претставниците на најголемите парламентарни партии дојде до израз целосната поделеност и спротивставеност. Образложувајќи го предлогот за самораспуштање на Собранието, Талат […]

Заев: Праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина


Со донесувањето на Законот за јавно обвинителство праќаме јасна порака колку ни е важна европската иднина, изјави денес на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако во Собранието беа донесени законите околу кои се кршеа копјата со опозицијата. „Нашата земја ги исполнува и ги реализира своите обврски. Време е и ЕУ да го исполни […]

Собранието ги донесе Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за одбрана


Собранието денес ги донесе и измените и дополнувањата во законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. И двата закони беа донесени без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За Законот за Советот на јавни обвинители гласаа 74 пратеници (за неговото  донесување беа неопходни 60 гласа), додека за Законот за одбрана гласаа 80 пратеници (за […]