Аеродромот во Охрид се затвора вечерва на полноќ


Согласно одлуката на Владата донесена на синоќешната седница за затворање на аеродромот „Свети Апостол Павле Охрид“ од ТАВ Македонија информираат дека одлучиле да го затвори аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ на 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на корона вирусот. „Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги […]

Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките


 Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните и движењето по улиците речиси е минимално. Поставените контроли пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на […]

Сопругата на шпанскиот премиер Санчез има корона вирус


Бегона Гомез, сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез е заразена од коронавирус. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада. Веста за шпанскиот АБЦ ја потврдиле од Владата на Шпанија, нагласувајќи дека премиерот, неговата сопруга и министерките се во добра здравствена состојба и дека ги почитуваат упатставата на […]

Наместо на плоштади, партиите ќе „митингуваат“ на социјалните мрежи


До 22 март се откажуваат активностите на терен, фокусот се насочува кон социјалните мрежи и кон електронските медиуми   Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на корона вирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата. За мораториум на партиските […]

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. ОД АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Скопје вечерва како град на духови (галерија)


Мерките на Владата и стравот очигледно имаат резултат. Главната порака – останете дома генерално се почитува во Скопје. Од фото репоратажата што ја направи нашиот фоторепортер Борис Грданоски можете да ги видите празните улици, затворените ресторани. Едноставно, метрополота да изгледа како напуштен град.

Никола Димитров: Неодговорно е да се патува за туризам


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека е прилично неодговорно во оваа ситуација на светска пандемија со Ковид-19 да се патува во странство заради туризам. Димитров како пример го наведе случајот на нашите туристи на Малта, кои заминале пред пред неколку дена на овој медитерански остров. Бидејќи „Визер“ ги запре летовите од Малта […]

Во функција остануваат пет гранични премини, бројот на заболени се искачи на 18 лица


Влезот и излезот во и од Македонија по копнен пат за патници и возила ќе биде можен преку граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце, но само за странските државјани кои се од ниско ризичните земји за корона вирусот, соопшти вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче кој ги презентираше новите […]

Фото вест: Се дезинфицира прес-центарот во Влада


По секое одржување на прес-конференција во центарот во Владата, тој се дезинфицира. Од Владата објавија фотографија со која покажуваат дека се грижат за новинарите и министрите кои одржуваат прес-конференции со цел јавноста да биде навремено информирана за последните состојби со корона вирусот. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче сугерира и столчињата на кои седат новинарите […]

МНР одглави македонски автопревозници од италијанско-словенечката граница


Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб стапило во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава. По успешните дипломатски напори, […]

Целосно се затвораат кафулињата и продавниците, освен маркетите и аптеките


Како превентивна мерка од ширење на корона вирусот министерот за здравство Венко Филипче, вечерва на прес-конференција, рече дека Кризниот штаб донесол одлука да се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките. Како што појасни Филипче, рестораните кои подготвуваат храна може да работат, но храната да ја доставуваат на алтернативен […]

(ВИДЕО) Уште шест новозаболени во Македонија


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се детектирани уште шест новозаболени од корона грипот во Македонија, од кои едено лице што допатувало од странство а другите во Дебар.Со тоа бројот на регистрирани случаи се искачи на 19, од кои една пациентка е веќе излечена. Петмината од новозаразените од Дебар се со лесна клиничка слика […]

Што е вонредна состојба и се прогласува ли поради епидемија?


Уставот на Македонија прецизно ги утврдува причините за воведување вонредна состојба во земјата и таа може да се прогласи покрај другото и за епидемија. Според претседателот Стево Пендаровски таа не ги исклучува изборите, но неофицијално нивното одлагање веке се подготвува. Шефот на државата ја спомена вонредната состојба како една од трите опции за справување со […]

Од утре Албанија ја затвора границата со сите соседни држави


Од утре на полноќ Албанија ќе биде целосно изолирана. Премиерот Еди Рама најави дека копнената граница на Албанија ќе биде отворена само за транспорт на стоки. „Од утре, недела на 15 март на полноќ, 00:00 часот, целосно се забранува влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници со автобуси, […]

Во Дебар се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавниците, аптеките, болниците…


Во Дебар и Центар Жупа се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензински пумпи, аптеки, болници. Банките, комуналните служби и пошта да работат по скратено работно време. Ова е еден од заклучоците на состанокот на Главниот штаб на Центарот за управување со кризи во врска со кризната состојба […]

Нема веќе чекање, изборите мора да се одложат


Делува необјасниво чекањето на политичките партии да виделе како ќе се развива ситуацијата со епидемијата на Ковид-19, па идната недела пред самиот почеток на изборната кампања, да одлучат дали треба да се одложат изборите, а во меѓувреме да ги замрзнат сите политички активности. Во некоја рака, има логика во одолговлекувањето на партиите да се одлучат […]

Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Мол со скратено работно време


Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол од денеска ќе работат со скратено работно време од 11 до 19 часот. Аптеките и маркетите во овие трговски центри остануваат да работат со редовно работно време од 8 до 22 часот. Тие, како што соопштија, ги подржуваат сите одлуки и во иднина ќе ги […]

Граѓаните од високо ризичните земји можат да влезат само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид


Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР. – Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги […]

(Фото) Скопјани не му одолеаја на убавото и сончево време


Додека некои денешниот ден го искористија да ги пополнат домашните залихи во супермаркетите, други излегоа на прошетка во Градскиот парк. Поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, познатата скопска шема е на 14-дневна пауза. Кафеаните беа полупразни, растојанието меѓу масите е зголемено, па отсуствуваа карактеристичните метежи. За среќа, времето беше топло, па Градскиот […]

Мицкоски: Прогласување кризна состојба и замрзнување на обврските на фирмите кон државата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека е неопходно прогласување на кризна состојба кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки. Тој на прес-конференцијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека состојбата со справување со корона вирусот бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали, но и посветеност од сите […]