Термини за изнесување на домашните миленици по скратувањето на полицискиот час


Фото: Б. Грданоски

Согласно со скратувањето на полицискиот час, Владата усвои заклучоци за измени кои се однесуваат на домашните миленици и дозволата да се изнесуваат надвор.

Граѓаните кои живеат во згради од понеделник до петок може да ги изнесуваат до 19 часот односно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење.

Во сабота домашните миленичиња ќе може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути во вечерните часови, односно од 20 часот до 20.30 часот.

Во недела ќе може да се изнесуваат по 30 минути во три термини во денот –  наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15  до 15.30 часот и навечер од 20 до 20.30 часот.