МВР: Седумдесет и едно лице не го почитувало полицискиот час


Полицијата евидентирала 71 лице кои во изминатото деноноќие не го почитувало полицискиот час. Притоа привела 55 лица, а на останатите им зела податоци по што, како што соопштуваат од МВР ќе бидат преземени мерки.

Според статистичките податоци  на МВР изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.