Јован Донев: Бугарија никогаш не признала македонски јазик


Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. Зоран Заев и Никола Димитров преку прикривање на вистината треба да ja остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик, тврди во интервју за „Република“ професорот Јован Донев, поранешен дипломат и советник во кабинетот на Ѓорге Иванов.

Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.