(Во живо) Прес-конференција на министерот за образование и наука Адеми


Министерот за образование и наука, Арбер Адеми заедно со проф. д-р Никола Јанкуловски – претседател на Интеруниверзитетска конференција и проф. д-р Томе Неновски претседател на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме


Министерството за надворешни работи денеска во 17 часот ќе напарви пресек колку и каде се има наши државјани надвор од државава, по што ќе преземе активности за нивно враќање дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес, а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на населението тука, изјави денеска министерот […]

Спасовски: Ќе бидеме ригорозни кон тие што не се самоизолираат


Техничкиот премиер Оливер Спасовски оцени дека вонредната состојба е најдобра одлука за нас за да може Владата да носи уредби со законска сила. Според него на терен се се одвива како и вчера, освен во Дебар и Центар Жупа. „Сакам да ве уверам дека денес неколку часа по одлуката за вонредната состојба ние сите заедно […]

Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот


Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. УЈП нема да ги презема овие дополнителни мерки се додека траат […]

До сабота стабилно и релативно топло време, од недела дожд во попладневните часови


Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево. Попладне ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Поварадрието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. – До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло […]

ССМ: Работниците имаат право на платен одмор по прогласување на вонредна состојба


По прогласувањето на вонредна состојба на територијата на целата држава, согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работниците имаат право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината, а покрај друго и за елементарни непогоди до 7 дена, согласно Спогодбата од 2016 година, […]

Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена


По искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Ситуацијата е изгледна, но не е завршена. Во моментов уште се дебатира како да се одржи Советот за надворешни работи на ЕУ. Вака министерот за надворешни работи  Никола […]

Османи: Постигнат е консензус во ЕУ за почеток на преговори


Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира […]

(Во живо) Михаел Рот во „виртуелна посета“ на Скопје


Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот денеска ќе има „виртуелна работна посета“ на Република Северна Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Како што соопшти МНР, работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за […]

Османи: Побаравме ЕУ да не изземе од мерката за забрана за извоз на медицински материјали


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека Македонија побарала од Европската Унија да биде изземена од мерката со која се забранува извоз на медицински материјали. – Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема […]

Добитокот и домашните миленици не можат да го пренесат корона вирусот на луѓето


Од почетокот на глобалнaта појавa на корона вирусот (COVID-19), Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето. Истрагите […]

(Во живо) Прес на вицепремиерот Бујар Османи за соработката со ЕУ околу Ковид 19


Денеска со почеток во 10 часот заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во Медиа центарот на Владата ќе одржи прес-конференција на тема: Соработка со ЕУ, а во врска со справување со предизвиците и последиците од пандемијата на КОВИД 19.

Mихаел Рот денеска во „виртуелна посета“ на Скопје


Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот денеска ќе има „виртуелна работна посета“ на Република Северна Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Како што соопшти МНР, работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за […]

Како да се чувате себеси и другите од коронавирусот


Останете дома, тоа е моментално најважниот совет од медицинските лица таму каде што се шири вирусот Ковид 19. Што помалку меѓусебен контакт, помал е и ризикот од ширење на новиот корона вирус. Тоа секако значи откажување масовни собири, но проблем се и блиските лични контакти во мали групи. Дури иако сте здрави и мислите дека […]

(Галерија) Во Дебар мирно, редовен дотур на залихи и строга контрола на влезот во кризната зона


Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти МВР. Во полициската станица во Дебар и во полициската канцеларија во Центар Жупа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, кражби или други имотни деликти […]

Уште седуммина позитивни на корона вирус, вкупно заболени 42 лица


Министерството за здравство вечерва информира дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од корона вирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на корона вирус се 7 […]

Димитров апелира сите македонски граѓани во странство да се регистрираат


Министерот за надворешни работи Никола Димитров побара итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот: „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината. […]

Пендаровски прогласи вонредна состојба


Претседателот Стево Пендаровски на вонредно обраќање попладнево рече дека предмалку ја потпишал одлуката за распишување вонредна состојба во следните 30 дена на целата територија на државата. Оваа мерка следува како заштита од ширење на Ковид-19. Претседателот Пендаровски ја донесе оваа одлука по предлог на Владата, со оглед на фактот што Собранието е распуштено. Пендаровски од […]