Мицкоски не гледа друг излез освен лидерска средба


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека одбивањето на СДСМ за лидерска средба е „незрело“ бидејќи државата се наоѓа во кризна состојба и треба да се договорат за најважните прашања.

Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“, Мицкоски рече дека е разумно да седнат како политичари и да се договорат по што ќе излезат со заедничка одлука пред граѓаните.

– Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните, рече Мицкоски.

Апелираше до четворицата именувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Владата доколку сакаат, да ја донираат платата во купување на санитетски материјал и медицински заштитни средства за здравствените установи.

Мицкоски се осврна и на полициската акција во Струмица за која праша: зошто, ако се било чисто и не бил направен никаков прекршок, еден член од семејството Заеви се однесувал насилно во полициската станица во Струмица?