Сместени 59 лица во изолација во „Ибис“


Вчера во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“  (поранешна Мала Богородица – Систина) се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин. Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Од синоќа таму се сместени 59 лица кои во земјава […]

Училиштата остануваат затворени, се спроведува онлајн настава


Имајќи предвид дека во Македонија е прогласена вонредна состојба, училиштата и градинките продолжуваат да бидат затворени во овој период, така што продолжува да важи и мерката која предвидува еден родител или старател на дете/деца до 10 годишна возраст да не оди на работа, а отсуството да биде оправдано и платено, велат од Министерството за образование […]

Состојба на патиштата: Без забрани, по влажен коловоз


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажен коловоз. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – г.п. Деве Баир.  Поради појава на магла, видливост на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20-50 метри. За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од […]

Самоизлолација со миленици: Кучињата и мачките не пренесуваат коронавирус


Наместо да стравуваат и да паничат, сопствениците да уживаат во друштвото на своите миленичиња, посебно во овој период на самоизолација и седење дома. Кучињата и мачките не пренесуваат коронавирус. Барем така покажуваат досегашните истражувања, вели науката. На сопствениците кои имаат Ковид-19 им се порачува да го ограничат контактот со своето куче или маче, да не […]

Зошто сега е речиси невозможно да се купат респиратори


Побарувачката за респиратори во светот е огромна. Во таа битка за нови машини малите земји како Македонија тешко се пробиваат во првите редови за нарачки, без оглед на цената   Љупчо Поповски Во глобалната пандемија со Ковид-19 еден од клучните проблеми е како секоја земја да набави дополнителни респиратори, затоа што никаде ги нема доволно […]

Cтудено и ветровито, со врнежи од снег


Времето во земјава ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а […]

Спасовски проверуваше како се почитува полицискиот час (Фото, видео)


Премиерот Оливер Спасовски, во придружба на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски вечерва направија увид на неколку полициски пункта непосредно по стартувањето на одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија од 21 до 6 часот наутро. „Прв пат воведуваме […]

Бујар Османи најавува уредба на Владата против лажни вести


Вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук најави дека Владата ќе донесе уредба против објавување лажни вести во вонредна состојба. Ваквата најава Османи ја даде како реакција на пишувањето на порталот „Алмакос“ кој, повикувајќи се на негова изјава, објавил дека само со дозвола оџите можат да пејат рано насабајле во џамија. Османи  објави и прит скрин од […]

(Галерија) Скопје за време на полицискиот час – само кучиња по улиците


Вечерва е првиот ден од воведениот полициски час во земјава за да се запре ширењето на корона вирусот. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски со дозвола на полицијата помина низ центарот на Скопје за да сними како изгледа пустата метропола. На улиците немаше никој, по некое возило, веројатно дел од службите кои со одобрение на Владата може […]

Филипче: Имаме доволно тестови, верувам во позитивен исход


Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека искрено верува оти ќе има позитивно сценарио во однос на корона вирусот во нашата држава. – Искрено верувам. Тоа е впрочем и целта на сите овие мерки – намалување на социјалните контакти и комуникацијата со луѓето, ограничувањето во движењето, тоа се со цел да се намали комуникацијата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев им зема на граѓаните од џеб


Заев им зема на граѓаните од џеб, намалените плати ќе значат крах за семејствата – е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на сетот економски мерки што ги објави денес лидерот на СДСМ Зоран Заев, меѓу кои и минималната плата за администрацијата. Под наслов „факти кои го одбележаа денот“, ВМРО-ДПМНЕ со осуда и на министерот Веноо Филипче кој […]

Филипче објасни како била лечена и тестирана жената што почина од корона вирус


Според податоците од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје, министерот за здравство, Венко Филипче, ја појасни ситуацијата околу првата жртва на корона вирус кај нас, 57-годишната жена од Куманово. 16 март прв преглед, со температура, без други симптоми. Не патувала во странство и немала други контакти со заблени. Следниот ден дошла пак […]

Дескоска ќе побара укинување на финансирањето на политичките партии


Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави дека ќе побара Владата да донесе уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии. -Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање на политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии […]

Тавила од СЗО: Почитувајте ги мерките за да го намалиме ширењето на корона вирусот


Здравствените власти засега добро се справуваат со ширењето на корона вирусот во земјата. Неопходно е целосно спроведување на мерките и препораките, зошто од тоа зависи со колкава брзина ќе се шири епидемијата. Тоа, пак е многу важно за да може здравствениот систем да ги прифати сите пациенти кои ќе имаат потреба и да ги лекува, […]

Изборите ќе продолжат кога ќе заврши вонредната состојба


Според роковникот што ДИК го донесе ноќта на 16 февруари, кога беше распуштен парламентот, утре требаше да почне изборната кампања   Спроведувањето на предвремените парламентарни избори за пратеници ќе продолжи кога ќе заврши вонредната состојба што ја прогласи шефот на државата. Со Уредбата за прекинување на изборните дејствија што ја донесе техничката влада не се […]

Сите мерки што ги најави Заев


1. Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, […]

Повозрасните да може да шетаат само до 10 часот?


Државата размислува за нови дополнителни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот и заштита на најкритичните, наризичните групи граѓани. За нив утре ќе дискутира Комисијата за заразни болести, која ќе ги достави до Централниот штаб, а по тоа и по потреба и до Владата. – Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме […]

Од утре во земјава 14 пунктови за тестирање за коронавирус


Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. -Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки […]