(Фото) Како се одвиваше првата трансплантација на срце во Македонија

Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиохирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
– Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче.


Претходно синоќа, министерот за здравство Венко Филипче , ја најави операцијата. „Тимот е под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) се подготвува за трансплантација. Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите“, напиша Филипче пред почетокот на операцијата.
Oперацијата се изврши на Клиниката за кардиохирургија.
Инаку, порталот новатв.мк пишуваше дека уште во февруари во ресорното министерство најавиле дека годинава за прв пат трансплантацијата на срце е вклучена во Програмата за трансплантација, а предвиден е и буџет за нејзина реализација.
На постот е прикачено и видео од операцијата.