ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Рашковски е над законот?


Фото: Б. Грданоски

Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите?  – прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите, откако неколку дена во јавноста е актуелен случајот „Теретана“ и нивниот лидер е предмет на истрага за спортување во полициски час.

-Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е жив фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие.

Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие.Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не  важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.ВМРО-ДПМНЕ е за апсолутно спроведување на законите, стои во реакцијата на опозицијата.