Радев: Поддршката на Северна Македонија не е безусловна


Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја и идентитет, кажал претседателот Румен Радев на средба со бугарските претставници во Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Радев им изразил благодарност на членовите на комисијата за досегашните резултати на …

Радев: Поддршката на Северна Македонија не е безусловна Read More »

„Велофиеста“ – попладне затворен „Рекорд“


Град Скопје денеска организира „Велофиеста“ – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од „Европската недела на мобилност 2019“, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт. Поради одржувањето на „Велофиеста“, улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ денеска од 18 часот ќе биде затворена …

„Велофиеста“ – попладне затворен „Рекорд“ Read More »

„Бомбите“ за „Монструм“ не направија бум: ВМРО и ДУИ ловеле политички поени


Јавноста конечено ги слушна долгонајавуваните „бомби“ за случајот „Монструм“ кои требаше да ја расветлат вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, но не се слушна ништо суштинско во ниту една од нив. Вчера во судницата не се слушнаа ниту мотивите ниту кој стои зад грозоморното убиство, а единствено можеше да се слушнат озборувачките муабети меѓу …

„Бомбите“ за „Монструм“ не направија бум: ВМРО и ДУИ ловеле политички поени Read More »

Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Северна Македонија од денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичанта собраниска Комисија за финансирање и буџет. Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните …

Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот Read More »

Османи во Берлин на среба со Рот


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот. Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на …

Османи во Берлин на среба со Рот Read More »

Димитров: ВМРО-ДПМНЕ да помине низ катарза, а не да шири невистини и да создава конфузија


Да не влегуваме во спротивставувања и надмудрувања зашто нема да направиме добро. Добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е преважно прашање. Го чекавме многу и ќе има големи реперскуии врз државата и граѓаните, му порача министерот Никола Димитров на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната дебата на „24 Анализа“. – Да не …

Димитров: ВМРО-ДПМНЕ да помине низ катарза, а не да шири невистини и да создава конфузија Read More »

Беговиќ: Да има обезбедување и видео надзор во сите здравствени установи


Да се воспостави ефикасен систем за заштита на лекарите (физичко обезбедување и видео надзор) во сите здравствени установи, граѓаните да се едуцираат за улогата, влијанието и можноста на докторите, да сфтатат дека тие не се семоќни, а медицинскиот персонал да се потсети на етичкиот кодекс и на Хипократовата заклетва. Ова, како што рече претседателот на …

Беговиќ: Да има обезбедување и видео надзор во сите здравствени установи Read More »

Лондон повторно домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година


Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, на состанокот во Љубљана следната недела ќе обелодени каде ќе се играат наредните финалиња од машката Лига на шампиони. Според најавите, финалето во 2021 година ќе се игра на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, потоа во 2022 година финалето би требало да се игра во Минхен на „Алијанц арената“, а во …

Лондон повторно домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година Read More »

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“


Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО  „Талир 2“ пред Кривичен суд. Судење за „Талир 2“  е закажано за утре. Претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите. Во случајот „Талир 2“  обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски …

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“ Read More »

Четири пожари во еден ден во Кавадарци, пожарникарите на терен


Четири пожари избувнаа денеска во Кавадарци, на терен се и пожарникарите кои би требало да се слободни, бидејќи работната смена во која припаѓаат, по правило не треба да е на работа. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица. Оттаму нагласија дека ветерот денеска работел против нив. – Имаме еден огромен пожар во …

Четири пожари во еден ден во Кавадарци, пожарникарите на терен Read More »

Тешко до една изборна единица во 2020 година


Дванаесет пратеници од помалите партии во парламентот ќе се сретнат утре со спикерот Талат Џафери за дa му ја образложат својата иницијатива за промена на изборниот модел така што државата би била една изборна единица. Зад оваа иницијатива стојат Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Јулијана Николова од ЛДП, како и Рубин Земон, Ферид …

Тешко до една изборна единица во 2020 година Read More »

Анѓушев, Царовска и Адеми по швајцарско искуство за стручно образование и обука


Швајцарскиот систем за учење преку работа, кој се спроведува преку 15 години денеска во Берн им беше презентиран на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбр Адеми. Анѓушев, Царовска и Адеми на покана на Владата на Швајцарија се во работна посета …

Анѓушев, Царовска и Адеми по швајцарско искуство за стручно образование и обука Read More »

Шилегов: Секој поединец е должен да придонесе во борбата против аерозагадувањето


Борбата против аерозагадувањето мора да биде општествена, да се води низ институциите, но и секој од нас поединечно е должен да даде свој придонес, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на НВО Отворениот ден за иницијативи на граѓанските организации во насока на консултација околу Програмата против аерозагадување 2020, што се одржа во Владата. – …

Шилегов: Секој поединец е должен да придонесе во борбата против аерозагадувањето Read More »

Преслушани 25 „бомби“ за „Монструм“, судењето продолжува на 4 октомрви


Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на СЈО, продолжува на 4 октомври, откако на денешното рочиште беа сослушани 25 снимени разговори. Сите разговори се правени по петкратното убиство, односно првиот е од 13 април. Најголем дел од разговорите се меѓу тогашни функционери и се однесуваат …

Преслушани 25 „бомби“ за „Монструм“, судењето продолжува на 4 октомрви Read More »

Македонски бизнисмен ја презел фејсбук страната „Ветераните за Трамп“


Бизнисмен од Македонија ја киднапирал фејсбук страната „Ветераните за Трамп“ каде поранешните американски служби го советувале претседателот на САД, разговарале за прашања кои ги мачат ветераните и споделувале конзервативни ставови. Страната имала повеќе од 100.000 следбеници, пишува „Вашингтон пост“. Преземањето на фејсбук страната на американските ветерани, според „Вашингтон пост“, почнува со навидум наивна понуда која …

Македонски бизнисмен ја презел фејсбук страната „Ветераните за Трамп“ Read More »

Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена


Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор ѝ истекува в петок. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција …

Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена Read More »

Ивановска ќе го симнува Иванов од „Скај сити“


Антикорупциската комисија вчера се сети на експретседателот Ѓорге Иванов, кој откако ја напушти функцијата – на 12 мај годинава и го пресели кабинетот во облакодерите на „Џевахир холдинг“ – речиси воопшто се нема појавено во јавноста. ДКСК најави дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи (СОЗРМ) на Владата да го раскине договорот …

Ивановска ќе го симнува Иванов од „Скај сити“ Read More »

Османи бил во увид, а не во инспекција, ќе си ја плати казната за зборување на мобилен во возило


Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција. Исто така, рече дека ќе ја плати казната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, посочувајќи дека тој би можел да ги …

Османи бил во увид, а не во инспекција, ќе си ја плати казната за зборување на мобилен во возило Read More »

Филипче: Треба да се врати довербата меѓу пациените и здравствените работници


Потребно е да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите, истакна министерот за здравство Венко Филипче кој денеска присуствуваше на протетсот против масислтвото врз здравствените работници. – Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да …

Филипче: Треба да се врати довербата меѓу пациените и здравствените работници Read More »

Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите


Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, како резултат на серијата напади кои се случија во изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини. Тие проблемот го гледаат во политичката апатија, …

Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите Read More »