Заев: Никој не брза на избори


Никој не брза да оди на избори и не сака веднаш да оди на избори, но треба да се земе предвид фактот дека корона кризата одминува, а земјата нема функционален парламент, нема политичка влада која треба да ја носи одговорноста, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во гостување на ТВ Телма. „Корона кризата одминува. Знаејќи […]

Уставен утре ќе одлучува за прашања поврзани со изборите


Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои утре ќе одлучуваат уставните судии. Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред. Вонредна […]

Геберих: Историските прашања не се дел од политичките процеси


Постигнувањето согласност на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија требаше да се случи одамна. Тоа е во интерес на ЕУ како целина, но особено во интерес на соседните држави на ЕУ во регионот. Би било сега грешка овој успех да се уништи со политизација на историските дадености. За историските […]

Захариева: Историската комисија мора да продолжи со работа


Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева изјави дека никој не ги спречува соседите да се самоопределат, но дека тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика. Според неа, нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на вистината. Вели дека основата […]

Стоматолозите започнаа со работа


Со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора на Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести, денес започнаа со работа сите стоматолошки ординации во државава. Стоматолошките здравствени установи кои се во мрежата, односно, избраните лекари стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и протетика покрај услугите кои […]

Спасовски: Владата прави проценки дали ќе се продолжи вонредната состојба


Владата се уште нема донесено одлука дали вонредната состојба во земјава ќе продолжи и во наредниот период. Премиерот Оливер Спасовски, кој денеска беше на увид во градежните работи на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, вели дека се прават анализите и се проценува врз основа на здравствената состојба. – Јас апелирам да почекаме ден два, кога […]

По лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ влегоа во старите ровови


Дали вчерашните донекаде помирливи изјави по лидерската средба беа погрешен впечаток на јавноста или партиските штабови денеска сфатија дека некој може да добие повеќе со сопствено толкување на разговорите кај претседателот Стево Пендаровски? ВМРО-ДПМНЕ преку брифинзи за некои медиуми тврди дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил осамен во неговото инсистирање што е можно побрзо […]

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените избори. -Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за […]

Милошев: Мерките за справување со корона вирусот дадоа позитивни резултати


Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, денеска учествуваше на меѓународна видеоконференција за размена на мерките за превенција и контрола, како и размена на искуствата и предизвиците во дијагностика и третман, балансот меѓу нормалната економска и социјална активност, како и потребите од епидемиолошка контрола поврзани со коронавирусот во светот. – Ги поставивме мерките за […]

Се прави детален протокол за изборната кампања и за денот на изборите, вели Спасовски


Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, кој присустваше на увид на градежните работи во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. -Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа […]

Објавените мејл адреси и лозинки на Владата – сменети одамна


По јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и економија, Владата ја известува јавноста за фактите поврзани со објавените податоци.-Се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на министерствата за финансии и економија. Дел од е-маил адресите не се во функција […]

Јавниот превоз во Скопје ќе се нормализира паралелно со попуштањето на мерките


Јавниот превоз во главниот град, кој од воведувањето на полицискиот час, има двократно работно време, се очекува да се нормализира паралелно со етапното олабавување на мерките. – Имајќи предвид дека во претстојниот период мерките ќе попуштаат, очекувам дека тоа паралелно ќе го следи и ослободувањето на јавниот превоз. Не се работи за самоиницијативни одлуки на […]

Нова донација од Норвешка во вредност од 100.000 евра за медицински материјали


Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и аташето за одбрана на Норвешка Егил Далтвеит потпишаа Протоколот за донација од Норвешка за Република Северна Македонија во потрошен медицински материјал во износ од 100 илјади евра. Овие средства, соопштија денеска Министерство за одбрана, се дополнување на 200 илјади евра што Норвешка веќе […]

Анонимни граѓани ја посадиле тревата на плоштадот, Градот немал право


Просторот на плоштад Македонија каде требаше да никне објектот „Шпански скали“ и натаму ќе остане јавен простор, тврди градонаќалникот Петре Шилегов, а вели дека тревата е посадена од анонимни граѓани. Оваа парцела, која до пред некој ден беше ископана и со земја, сега е убаво уреден тревник околу кој има пашачки патеки со клупи за […]

(Во живо) Прес конференција на Инспекцискиот совет


Денеска, со почеток во 13 часот прес-конференција ќе одржи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини […]

Кон: Границата на Србија со Северна Македонија се отвора на 1 јуни поради тоа што не е жариште на коронавирус


Србија целосно ќе ги отвори границите од 1 јуни, но само со четири соседни земји, со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот, изјави епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон. Како што јави дописникот […]

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од корона вирусот како и за останатото население. -Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е […]

Денеска има 20 новозаболени, оздравеле 24, но починати се три лица


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти. – Скопје 12 – Прилеп 7 – Тетово 3 – Кавадарци 1 – Пехчево 1 Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања […]

Почна скринингот – први се тестираат вработените во градинките


Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19. „Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека […]

Захариева: Никој никогаш не го оспорувал идентитетот на Македонија


Никој не ги спречува нашите соседи да се самоопределат, но тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – Тоа самоопределување, таа нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на […]