Стабилно време до петок, за викендот зголемена облачност и врнежи локално


Фото: Б. Грданоски

До петок времето ќе биде стабилно, а од викендот зголемена облачност и опаѓање на температурите.

За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Утре температурата утринска ќе се движи од осум до 17, а дневната од 24 до 33 степени. Во петок ќе се искачи до 35, сабота и недела до 36, понеделник до 33 и во вторник 32 степени.