Од починатите од корона вирусот, 82 отсто имале хронична болест

Во периодот 29 јуни до 5 јули регистрирани се 46 смртни случаи од Ковид-19, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем број од случаите се лица на возраст над 60 години (67,4 отсто). Кај 38 од смртните случаи (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

Ова се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за посочениот период во кој стои дека од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.