Клековски и Мемишоглу потпишаа меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција


Министерот за здравство, Сашо Клековски оствари билатерална средба со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, синоќа на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул.   На средбата беа разгледани билатералните односи и беше нагласено пријателството меѓу двете држави. Министерот Клековски се заблагодари на Република Турција за помошта и солидарноста […]

Граѓанин барал увид во анкетата за зонското во Аеродром, општината се прогласува за ненадлежна


Зонското паркирње во делови од Аеродром, како што се Реонски центар и Ново Лисиче, уште не е воведено, иако и на двата паркинга се исцртани паркинг-местата, а некаде има и табли со информации. Никнаа и знаци кои веќе се турнати… Општина Аеродром, досега неколкупати го најавуваше и го одложуваше воведувањето зонско паркирање, а неговата оправданост […]

Народниот правобранител ќе дежура за пријави на денот на изборите во Брвеница


Народниот правобранител на 1 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе обезбеди дежурство за прием на претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право. Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, […]

„Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела


 Манифестацијата „Неготинско младо вино” по четврти пат ќе се одржи следната недела на 8 ноември, информираа денеска од Општина Неготино. Оттаму појаснија дека станува збор за настан што ќе се одржи на старата градска чаршија со почеток од 13 часот, а манифестацијата е посветена на промоцијата на неготинското младо вино, малите семејни винарии и локалната […]

СДСМ бара истрага против Мицкоски и Славески по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија


Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај. Од СДСМ велат дека со одлуката се блокирани сметките […]

Облачно со повремени локални врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно […]

„Матица македонска“ донираше 510 книги за учениците во Општина Демир Хисар


 „Матица македонска“ донираше нови 510 книги за учениците во општина Демир Хисар, по една за секој основец и средношколец. Акцијата се реализира десетта година по ред, а со годинашната донација вкупниот број подарени книги достигнува 6.810. Традицијата што започна по иницијатива на Раде Силјан продолжува со поддршка за сите ученици во општината, информираат од издавачката […]

Во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево се формира библиотека


Благородната идеја на семејството на поетесата Светлана Христова-Јоциќ, да се донираат книги од нејзината семејна библиотека во институција во градот Ресен, родното место со коешто таа се гордееше, се реализираше вчера во Специјализираната болница за респираторни заболувања Отешево. Имено, идејата, уште минатата година, со радост беше прифатена од семејните пријатели на Светлана Христова – Јоциќ […]

ДОМ бара мерит систем за 6000 вработени


Предлог-законот за трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос предвидува можност лицата ангажирани со договори на дело, авторски договори, на определено време и преку агенции да добијат траен статус во јавниот сектор. Според Владата, со ова решение би се опфатиле околу 6.000 лица, се вели во соопштението од ДОМ. ДОМ смета дека долгогодишниот ангажман […]

Се става крај на дивата улична продажба кај Клинички, Буњаковец и Зелен пазар


Инспекциските служби вчера спровеле координирана акција на неколку локации во Скопје, при што биле отстранети нелегалните улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец. Акцијата ја спровел Инспекторатот на Град Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторатот на Општина Центар. Од Град Скопје информираат дека целта на […]

Во Штип акција за собирање текстил


 Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во рамки на проектот „Циркуларен текстилен Балкан“, организира акција за собирање текстил со цел да се поттикне неговата повторна употреба и преработка, наместо да заврши како отпад. Акцијата ќе се одржи од 11:00 до 14:00 часот, на Едносмерна улица, веднаш до катната гаража и Намата во Штип. […]

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат 107 болни и изнемоштени


Вториот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница ќе се одржи утре 1 ноември, а во 24 населени места во општината денеска гласаат 107 болни и изнемоштени лица.  Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.  […]

Почина Бранко Радовановиќ, уште една легенда на македонското новинарство


Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, една од легендите на македонското новинарство. Зад себе остави спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат. Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент […]

Град Скопје во сабота ве носи на бесплатен разглед на Матка и Врело


Бесплатен разглед на Матка и Врело – откријте го богатството на нашето Скопје! Некои од најголемите природни богатства ни се на дофат. Наша обврска е да ги чуваме, а наша желба е што повеќе граѓани да ги запознаат и доживеат!, порачуваат од Град СКопје денеска,   Град Скопје организира бесплатен разглед на Матка и Врело […]

Со милион евра реконструиран патот од „Св. Јоаким Осоговски“ кон Калин Камен


Општина Крива Паланка ја заврши реконструкцијата на локалниот пат од манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кон Калин Камен. Асфалтирана е делница во должина од 6 километри, со вкупна вредност на инвестицијата од 61.116.772,50 денари со вклучен ДДВ. Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку Министерството за транспорт. Носител на проектот-инвеститор е Општина Крива Паланка, […]

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување


Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и на Апелациониот суд Гостивар за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица. Предметот се враќа во Основниот суд Тетово на повторно постапување и одлучување. Одлуката е донесена на 22 октомври 2026 година, по уважување на […]

„Европска очна болница“ ги отфрла обвинувањата за двојна наплата на операции


Приватната „Европска очна болница“ од Скопје денеска реагираше по вчерашната полициска акција за сомнежи за финансиски злоупотреби и двојна наплата на операции на очи. Од болницата тврдат дека во медиумите биле објавени бројни невистини и најавуваат соработка со надлежните институции. „Нашата установа никогаш не оштетила ниту еден пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или […]

ИЈЗ упатува препорака до граѓаните да го проверат вакциналниот статус и да се вакцинираат против морбили


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува препорака/ апел до сите родители и граѓани кои не ја примиле МРП вакцината (против мали сипаници, рубеола и паротит), согласно националниот Календар за имунизација, да ги посетат надлежните вакцинални пунктови и да ја надоместат пропуштената доза. ИЈЗ во објава на својот фејсбук профил наведува дека имајќи го предвид сè […]

Пријавени 70.185 лица за вакцинација против грип, досега вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи


 Од активирањето на апликацијата vakcinacija.mk за бесплатна вакцинација против сезонски грип, досега се пријавени 70.185 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Досега се вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи население. Вакцинацијата се одвива на 31 пункт низ државата, од кои пет пункта се во Скопје, во поликлиниките Идадија, Битпазар и Ѓорче Петров, во […]

Сведокот Крстевски: Перпарим Бајрами го викаше Груби: Шефот


 Со сослушување на сведокот Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД Лотарија,  денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и уште шест лица. Крстевски, кој бил член на Управниот и Надзорниот одбор на АД […]