Во Штип акција за собирање текстил
Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во рамки на проектот „Циркуларен текстилен Балкан“, организира акција за собирање текстил со цел да се поттикне неговата повторна употреба и преработка, наместо да заврши како отпад.
Акцијата ќе се одржи од 11:00 до 14:00 часот, на Едносмерна улица, веднаш до катната гаража и Намата во Штип.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да донесат текстил што повеќе не им е потребен, кој може да добие нова намена преку повторна употреба или преработка.
Тие посочуваат дека со оваа иницијатива се подига свеста за поодговорно постапување со текстилот и се поттикнуваат локални практики на циркуларна економија.