Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница


Фото: Б. Грданоски

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и на Апелациониот суд Гостивар за пожарот во тетовската модуларна болница, во кој на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица. Предметот се враќа во Основниот суд Тетово на повторно постапување и одлучување.

Одлуката е донесена на 22 октомври 2026 година, по уважување на барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од двајцата обвинети, во документот означени со иницијалите Ф, објави 4news.mk Б. и А.Е. Со пресудата на Апелациониот суд Гостивар од ноември 2025 година, тие беа осудени на по три години затвор за „Тешки дела против општата сигурност“.

Според образложението на Врховниот суд, пониските судови не ја објасниле доволно причинско-последичната поврзаност меѓу постапувањето на обвинетите и несреќата. Не направиле сеопфатна анализа на изведените докази и не дале доволно аргументи за конкретниот придонес на обвинетите во настанувањето и ширењето на пожарот.

Судот посочува дека во пресудите не било јасно разграничено дали одговорноста на обвинетите се поврзува со необезбедувањето противпожарни апарати или и со други дејствија што влијаеле врз избувнувањето на пожарот. Не било доволно образложено ниту врз кои докази е заснован заклучокот дека постапувале како соизвршители.

Посебни забелешки се изнесени за оценувањето на вештачењата. Врховниот суд го проблематизира тоа што не бил прифатен предлогот на одбраната на главната расправа да биде сослушано вештото лице што ја изготвило експертизата од Германија.

Во одлуката се посочуваат и вештачења што се осврнуваат на електричната инсталација, отсуството на противпожарни бариери меѓу собите и ходниците и градежните материјали што овозможувале брзо ширење на огнот. За овие докази пониските судови навеле дека се однесуваат на околности што не се опфатени со обвинението.

Врховниот суд оценува дека ваквите недостатоци ги доведуваат во прашање заклучоците за кривичната одговорност на обвинетите, објави 4news.mk При повторното постапување, Основниот суд Тетово ќе треба да ги следи неговите напатствија и да донесе нова одлука.

Со посебно решение, барањето за вонредно преиспитување поднесено од обвинетото правно лице, болницата, е отфрлено како недозволено.

Укинувањето на пресудите не претставува ослободување од обвинение, туку враќање на предметот на повторно судско разгледување.