Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“ во населбата Маџари, општина Гази Баба. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот е поради технички активности во трафостаницата „Маџари 7“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и […]

Невролози од Љубљана и Скопје ќе разговараат за новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест


Можностите за воведување современи терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест во земјава ќе бидат тема на панел-дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што денеска ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. На настанот ќе учествуваат невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана и од универзитетските клиники […]

На Филозофскиот факултет комеморативна седница во чест на проф. д-р Зоран Велковски


На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница во чест на проф. д-р Зоран Велковски, кој даде исклучителен придонес кон науката и образованието и човечките вредности по кои ќе остане запаметен меѓу колегите, студентите и пошироката академска заедница. Особено место во неговата работа имаат андрагогијата, образованието на возрасните и доживотното учење – […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде претежно облачно […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 2 ноември 2026 година, 306-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 59 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 10 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ: Вреди е тројански коњ на изборите во Брвеница


  Тешки обвинувања искажа пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, против коалицискиот партнер Вреди околу изборите за градоначалник во Брвеница. Гостувајќи на Сител таа рече дека во вториот круг на изборите Вреди застанала зад Аркин Јахиј,кандидатот на ДУИ, т.е. Националната алијанса за интеграција. Таа оцени дека Вреди ја одиграла улогата на Тројански коњ и не застанала […]

И во 11 часот излезноста во Брвеница е зголемена


  Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Бојан Маричиќ и денес во рамки на вториот круг посетија три избирачки места во Општина Брвеница каде се одвива втор круг од гласањето за избор на градоначалник. Тие потоа одржаа и прес-конференција за медиумите, а претседателот Маричиќ со заклучок од теренската посета дека гласачите слободно и […]

Излезноста во Брвеница во 9 часот поголема отколку пред две недели


  Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти (гласале 646 лица), информираше Државната изборна комисија (ДИК). Одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно […]

Дожд и само дожд – времето денеска


  Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Минималната температура ќе се спушти до […]

Сушени листови од јапонско јаболко и чај од калинка – еколошкото производство како хоби во третата доба


Од желба да го спречи пропаѓањето на еколошкиот производ во својот двор, професорот во пензија Стојан Манолев од Валандово си создал интересно хоби, да прави свои здрави преработки од јапонско јаболко. Сушени листови од овој вид јаболко и природен шеќер односно засладувач од истото овошје се двата еколошки производи, кои пензионираниот професор по физика самостојно […]

Нова детска градина во Козле со капацитет за згрижување на 146 деца – ќе има и подземен паркинг


Во скопската населба Козле интензивно се гради новата детска градинка „Пролет 2“, која ќе има капацитет за згрижување на 146 деца и ќе биде изградена според современи стандарди. Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Новата градинка ќе има вкупна површина […]

Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум лица во казнено-поправните установи за изборите за градоначалник во Брвеница


Вкупно 104 болни и немоќни лица и осум лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го оствариле своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласале осум лица. Од […]

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со оштината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари. Во продолжение интегралната изјава на […]

Само осум на 100 Ромки се вработени: Образованието е проблем


Неоформеното основно образование и тешкиот пристап до вработување, економската зависност ги ставаат жените Ромки во особено ранлива положба. Сабина Асанова претседателка на асоцијација „Родоп“-Штип вели дека за многу од жените и девојките немањето на сопствени приходи значи и ограничени можности да излезат од средина во која се изложени на насилство. Дополнително, дискриминацијата ја чувствуваат и […]

Белградски професори ги повикаа Македонија, БиХ и Црна Гора да ја зајакнат контролата на парите на границата со Србија поради ризик од изнесување


Професорите на Универзитетот во Белград, Владимир Обрадовиќ и Огњен Радоњиќ, побараа од надлежните институции во Босна и Херцеговина итно да го проценат ризикот од нелегално подигање пари од Србија и да разгледаат зголемени контроли на границата. Како што објави Nova.rs, професорите испратија 13 писма до институции во Србија и во странство. Барањето го примија Европската […]

Град Скопје почесто ќе организира бесплатна прошетка до Матка: Погледнете како помина првата


Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец. Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее!  Токму затоа, денес организиравме бесплатен разглед на Матка и Врело, можност нашите сограѓани да се оддалечат од секојдневието и […]

Акција за собирање на текстилен отпад, Штип на чекор од отворање на собирен центар


Во Штип се реализираше првата акција за собирање на текстилен отпад од домаќинствата, која е и прв чекор кон отворање на собирен центар во Општината. Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип, која е носител на проектот, вели дека нивниот проект е финансиран од Европската климатска иницијатива преку Владата на Германија и ГТЗ. […]

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија


Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив […]

Шасивари: Дигитализацијата на нотарските постапки ќе овозможи побрзи услуги и помали трошоци за граѓаните


Унапредување на законската регулатива во областа на нотаријатот, нејзино усогласување со современите стандарди и дигитализација на постапките и услугите најави денеска министерот за правда Јетон Шасивари, на отворањето на манифестацијата „Нотарски денови 2026“, организирана од Нотарската комора. Говорејќи на тема „Расправање оставина: помеѓу законската рамка и нотарската практика“, Шасивари истакна дека дигитализацијата треба да овозможи […]

Инвеститори од Емиратите се интересираат за потенцијалот на Гази Баба


Општина Гази Баба ја посети висока делегација на инвеститори од Обединетите Арапски Емирати, со која остваривме значајна средба насочена кон продлабочување на економската соработка и отворање нови перспективи за развој на општината.   Во делегацијата биле д-р Хамад Ал Памси, претседател на „Emirates Investment Group“; Елиас Згеиб, главен извршен директор на „Emirates Investment Group“; Антон Ел […]