Излезноста во Брвеница во 9 часот поголема отколку пред две недели


Фото: Б. Грданоски

 

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти (гласале 646 лица), информираше Државната изборна комисија (ДИК).

Одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од запишаните избирачи.

Најголема излезност до 9 часот е регистрирана на избирачкото место 2037, каде што гласале 8,7 проценти од избирачите, додека најмала излезност има на избирачкото место 2048, со 1,25 проценти.