Фестивал ФЛУДО: Кога уметноста ја раскажува приказната за животната средина


Од денеска до 26 септември во Сули-ан во Скопје ќе се одржи првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко-култура и креативен активизам, во организација на „Еко-свест“. Фестивалот има за цел преку уметноста, културата и образованието да ги отвори прашањата поврзани со животната средина и да создаде простор за нивно поврзување со пошироката јавност. Од […]

„Патување кон корените“ – документарен филм и изложба во Охрид


Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, вечер ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска. Настанот, организиран од Полската амбасада во Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“, ќе започне во 19 часот, а влезот е бесплатен. Во рамки на програмата ќе биде […]

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот


Денеска наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од […]

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај мостот „Гоце Делчев“


Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која Гордана Филиповиќ од Куманово е осудена на две години и шест месеци затвор за сообраќајната несреќа кај Мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, во која животот го загуби 76-годишниот пешак Слободан Ангеловски. Со одлуката на Апелација се одбиени и жалбата на одбраната против првостепената пресуда и жалбата на […]

Општина Тетово најави присилна наплата од 1 октомври за неплатен данок на имот и комунална такса за фирма


Општина Тетово ги известува граѓаните дека од 1 октомври ќе започнат постапките за неплатените обврски по основ на данок на имот и комунална такса за фирма. Од Општината ги повикуваат граѓаните кои имаат неплатени обврски навреме да ја проверат својата состојба и да ги извршат плаќањата, со што ќе избегнат понатамошни постапки за присилна наплата. […]

Општина Тетово најави присилна наплата од 1 октомври за неплатен данок на имот и комунална такса за фирма


Општина Тетово ги известува граѓаните дека од 1 октомври ќе започнат постапките за неплатените обврски по основ на данок на имот и комунална такса за фирма. Од Општината ги повикуваат граѓаните кои имаат неплатени обврски навреме да ја проверат својата состојба и да ги извршат плаќањата, со што ќе избегнат понатамошни постапки за присилна наплата. […]

Клековски: Има инфлација на боледувања


 Сите измени на правилникот за боледување, кои се планирани, се правени врз основа на компаративни анализи. Има многубројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат. Има ситуации во кои луѓе што се на боледување на „Инстаграм“ објавуваат фотографии од одмор во Италија – рече денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. […]

Утре резултат од стручниот надзор за трудницата која остана парализирана, извршен и тој за охриѓанката


Завршен е вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во општите болници во Охрид и Струга и на Клиниката за гинекологија и акушерство за случајот со пациентката Љ. Ш. од Охрид, која пред да ѝ заврши бременоста го загуби својот плод. Од страна на министерот за здравство Сашо Клековски побарано е да […]

Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид


 Екипи на јавните претпријатија во Охрид, со расположлива механизација почнаа со активности за расчистување на речните корита, диви депонии, одрони и други критични точки на територијата на општината. Ќе се интервенира на локациите што сметаат за ризични и што се проблематични при поинтензивни врнежи и висок водостој на реките од езерското сливно подрачје. Според градоначалникот […]

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање


 Министерството за образование и наука (МОН) нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, но Државниот просветен инспекторат (ДПИ) ќе постапува и ако се работи за избор во звање, рече денеска ресорната министерка Весна Јаневска. Таа, како што изјави, е запознаена со случајот на лекарот Дарко Василевски кој јавно обвини дека има наводни нерегуларности и […]

Судскиот совет расправаше за состојбите во Основниот суд Куманово


Судскиот совет денеска на седница расправаше и за состојбите во Основниот суд Куманово, откако вчера Синдикатот на УПОЗ јавно реагираше на навреди и несоодветен однос кон вработените од страна на претседателката на судот. Член на Судскиот совет Ивица Николовски, кој е координатор за Основниот суд Куманово, истакна дека Советот подолг период ги следи случувањата во […]

Јаневска: Како општество, уште треба да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост


 Општините имаат обврска да обезбедат по едно лице-толкувач и за луѓето со оштетен вид и за луѓето со оштетен слух и говор, да им помагаат во различни ситуации (кога одат на лекар, во аптека,…). Колку што ми е познато, во одредени општини ова функционира, но ќе мора да се прошири на територијата на целата држава. […]

На првиот ден од есента, падна снег на Пелистер


Првиот ден од есента донесе вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег, а врвовите за кратко се забелеа. Снегот на Пелистер пристигна токму на почетокот на есента, по падот на температурите во изминатите часови, објави 4news.mk Глетката од планината покажува дека зимата веќе почнува да се најавува на највисоките […]

Тошковски застана зад „ловот“ на лажни боледувања, бројот бил огромен


 Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оцени денес дека бројот на лаќните боледувања во државниот, но и во приватниот сектор е огромен и катастрофален, и дека не е од сега, туку практично а така од независноста.  Неговата изјава доаѓа во период кога Фондот за здравствено осигурување подготви построги правила и најави дека ќе се проверуваат […]

Утре ветар, од петок дожд


Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури, прогнозира УХМР. Утрe наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево […]

Сега и албанскиот јазик не е доволен, се бара правосуден испит и на турски и англиски!


Министерот за правда Јетон Шасивари во изјава за новинарите денес соопшти дека бара решение за полагањето правосуден испиот на албански јазик, нагласувајќи дека тоа не  е „ниту политичко, ниту етничко прашање, туку правно, стручно и институционално“.  Притоа министерот соопшти дека добил барања од пет универзитети кои имаат правни студии, и тоа три кои изведуваат студии […]

Македонија заглавена во место со кредитниот рејтинг. Тој е шпекулативен, а не инвестициски


  Дали актуелниот кредитен рејтинг на Македонија од ББ+ со стабилен изглед треба да нѐ радува или пак, да нѐ загрижува? И дали Македонија во догледно време може да направи исчекор и од зоната на шпекулативен кредитен рејтинг да исчекори во групата земји со инвестициски рејтинг (како Бугарија, Хрватска, Србија), што ќе овозможи поповолно задолжување […]

Тошковски: И европските држави можат да ни завидат за имплементирањето на одредени проекти


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на расправа на  Националната конвенција за Европската унија  (НКЕУ-МК) порача дека, наместо декларативни заложби, во земјава е потребно вистинско и конкретно работење за да се имплементираат европските вредности и стандарди. ​Обраќајќи им се на присутните амбасадори, европски претставници и експерти, Тошковски посочи дека е дојдено време Македонија со конкретни […]

И Кичево мака мачи со фрлањето отпад во реката


Општина Кичево овјави фотографии од луѓе то фрлаат отпад во реката Темница, че корито веќе вторпат се чисти, а не толку одамна, при силни дождови таа се излеа и повеќе од 100 граѓани беа евакуирани и повеќе денови живееја во спортска сала.    „Погледнете, мили сограѓани, дефинитивно никој не може да исчисти колку што сами […]

„Гола месечина“ се „облече“ и почна да пее


Манифестацијата „Гола месечина“, која со години се одржува во Општина Аеродром и годинава ќе се одржи од  25 до 27 септември, овојпат  во паркот „Авионче“, но место театарска манифестација, со претстави, се претвора во музичка манифестација, со дополнителна стендап-комедија, кабаре и детска програма  . „Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да […]