Прекин на водоснабдувањето во Маџари, во Хиподром и Трубарево намален притисок


Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населба Маџари, а во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), а ќе почне во 9:00 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се […]

Облачно и постудено со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта и утре претпладне. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а дневната од 11 до […]

Прекин во снабдувањето со струја утре во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден


Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден, соопшти ЕВН Македонија АД. Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.„Хо Ши Мин“ во Општина Бутел, а од 08:30 до 14 часот корисниците на ул.„9“ и дел од ул.„1“ во Општина Сопиште. […]

„Здрава котлина“: Нацрт-просторниот план до 2040 година претпоставува отварање и на рудници


Нацрт-просторниот план 2040 за Југоисточниот Плански Регион причина за реакции кај дел од јавноста. „Здрава котлина“ повика на масовно обединување против отворање нови рудници. Од „Здрава котлина“ оценуваат дека со ваквите плански решенија се отвора можност за пренамена на земјиштето во намена Г1 – тешка индустрија, при што особено предупредуваат за можните последици врз земјоделското […]

Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од улицата „Пиринска“ во Центар


Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од ул.„Пиринска“ во општината Центар, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што се наведува, е уличен дефект ф 80 мм на бул.„Партизански одреди“ бр.14.

На 28 октомври ќе биде промовирана апликацијата „М.услуги“, граѓаните ќе добијат електронски верзии на личната карта и возачката дозвола


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска најави дека на 28 октомври ќе биде промовирана националната мобилна супер апликација „М.услуги“ преку која граѓаните ќе може да пристапуваат до електронски документи и државни услуги директно од своите мобилни телефони. Образложувајќи го проектот пред пратениците, Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање, истакна дека целта е постепено да се […]

Крај на дилемите: пензиите ќе се зголемат законски за 3 отсто


  Завршија парламентарните избори. Завршија и локалните. Па пензиите ќе се зголемуваат онака како предвидува законот, наместо четири пати линеарно, како што правеше владата на Христијан Мицкоски. На една недела пред да заврши месецов директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, потврди дека зголемувањето на пензиите ќе биде 3 отсто почнувајќи од […]

Клековски: Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд за дополнителната работа на докторите


Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција изјави дека ја поздравува одлуката на Уставниот суд и смета дека кон дополнителната работа на докторите треба да се пристапи принципиелно. Тој беше прашан околу тоа што Уставниот суд ја отфрлил иницијативата за дополнителната дејност на докторите, со издвоено мислење на одредени судии дека сепак треба од […]

Превенцијата останува најслабата алка во борбата против кардиоваскуларните болести


Кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за предвремена смртност во земјава, а Македонија бележи двојно повисока предвремена смртност од европскиот просек, поради што се неопходни посилни мерки за превенција, рано откривање и контрола на ризик-факторите, беше порачано на денешниот панел „Не пропуштај ниту еден ритам“, организиран по повод Светскиот ден на срцето. Министерот за здравство, Сашо […]

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години постоење – средношколците подготвуваат базар


По повод големиот јубилеј, 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, на 25 и 26 септември ( петок и сабота) , од 12 до 15 часот, во Скопје ЗОО ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”. За првпат, средношколци од 22 средни училишта од Град […]

Советник на премиерот ги советува клиниките каква опрема да купуваат, тврди Филипче


  Изместени се приоритетите во здравството – наместо да се решаваат проблемите, акцентот е ставен на јавните набавки. Тоа го тврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска рече дека еден советник на премиерот шетал по клиниките и на директорите им кажувал каква опрема и според какви спецификации да набавуваат. Според него, коруптивните практики се […]

Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица – таа останува парализирана


Комисијата за надзор над стручната работа, формирана од министерот за здравство го заврши надзорот над лекувањето на родилката од Струмица и едногласно заклучи дека нејзината невролошка состојба не е последица на спиналната анестезија применета при породувањето, ниту на лекарска грешка во која било од здравствените установи во кои била лекувана.   Комисијата беше формирана на […]

Почнува новиот фестивал за еко култура и креативен активизам ФЛУДО


Првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко култура и креативен активизам започнува денеска (четврток 24 септември) и ќе трае до сабота (26 септември). Сите програми ќе се одржуваат во Сули – ан во Скопје. Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започна со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните […]

Општина Центар организира „Обука за финансиска писменост на жените“


Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“. На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување  и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за […]

Операција „Филтер“: Царината разбива организиран шверц на цигари, под лупа шпедитери, транпортери…


Во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц на цигари. Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници. Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и […]

Седумдесет случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени


 Во 2026 година, заклучно со 22 септември, во државата се регистрирани вкупно 70 случаи на западнонилска треска. Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни, се наведува во најновиот неделен епидемиолошки извештај на Институтот за јавно здравје за западнонилска треска во државата. Според место на живеење […]

Сиљановска-Давкова со лица со Алцхајмерова болест: Со љубов многу нешта можат да се надминат, ублажат или подобрат


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер, во Народната канцеларија во Скопје се сретна со лицата со Алцхајмерова болест и членовите на нивните семејства на настанот „Алцхајмер Матине – она што останува: љубов, емоција, емпатија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука, по повод месецот на Алцхајмеровата болест. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, на настанот […]

Во Берово утрово измерени минус 2 степена, најтопло во Гевгелија со 12


Во Берово изутринава се измерени -2 степена, а на Попова Шапка 0. Најтопло, пак, е во Гевгелија со 12 и во Скопје со 7 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до […]

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди


Во периодот јануари–август годинава во сообраќајни незгоди животот го загубиле 62 лица, додека во истиот период лани загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42%, покажуваат податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи за првите осум месеци од 2026 година.  Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 […]

„Не пропуштај ниту еден ритам“ – едукативен панел по повод Светскиот ден на срцето


По повод Светскиот ден на срцето, денеска во Europe House Скопје ќе се одржи едукативен панел под мотото „Не пропуштај ниту еден ритам“ (Don’t Miss a Beat). Настанот го организира Здружението за кардиологија, во партнерство со Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје. Целта на панел-дискусијата, како што велат од […]