Апелација го ослободи Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“, вели неговиот адвокат

Фото: Б. Грданоски

Апелациониот суд Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“, објави на Фејсбук неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Претходно, во повторената постапка за овој случај во октомври 2025 година, Основниот кривичен суд Скопје му изрече намалена казна на Јовановски. Со таа првостепена одлука тој доби единствена затворска казна од пет години за кривичните дела измама и перење пари, што претставуваше намалување од претходно изречените девет години.

Јовановски првично беше осуден на девет години затвор со првостепената пресуда донесена во април 2022 година. Апелациониот суд во Скопје во април 2024 година ја уважи жалбата на обвинетите, ја укина пресудата и го врати предметот на ново судење.

Судскиот процес започна во јули 2020 година. Предметот „Меѓународен сојуз“ опфаќа злоупотреби преку истоимената невладина организација, преку која, според наводите во обвинението, од бизнисмени биле измамени парични средства наменети за наводна изградба на центри за стари лица и социјални проекти.

Во март 2025 година, Апелациониот суд му ја намали казната на Јовановски во случајот „Рекет“ од 9 години на 5 години затвор. Тогаш, тој беше на отпуст од затвор поради лекување и оттогаш е на слобода.