Пластика, конзерви, стакло и разни предмети пронајдени на дното на Охридското езеро


DCIM100GOPROGOPR8979.JPG
 

Пластика, конзерви, стакло и различни делови извадени од дното на Охридското езеро, по успешно реализираната акција за чистење на дното на езерото од цврст отпад.

Акцијата била релизирана на потегот од Кампот Градиште до Велидаб, со учество на членовите на Нуркачкиот центар Амфора.

Проектот инаку е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Ваквите акции се секогаш добредојдени, но тие не претставуваат трајно решение на проблемот со загадувањето на Охридското езеро. Иако, за среќа, постојат и вакви граѓани кои придонесуваат на ваков начин, сепак за жал, се уште има и такви кои што природните богатства на државата не ги третираат на соодветен начин.