МЗ: Од почетокот на годината воведена нова иновативна терапија за лицата со хемофилија


Министерството за здравство информира дека од почетокот на оваа година за лицата со хемофилија е воведена иновативна биолошка терапија, која се администрира поткожно, еднаш неделно во домашни услови од самите лица, со што болните и чести венепункции стануваат минато за овие лица. Со оваа терапија (emicuzumab), дополнително и повеќекратно се намалува честотата од крварења. Со […]

Охрид ја троши најслабата туристичка сезона


Охрид календарски ја троши веројатно најслабата туристичка сезона последните неколку децении. Оваа 2020 година требаше да биде рекордна, кога станува збор за туризмот и тоа според повеќе параметри, од предвидените дополнителни авионски линии и нови чартер-летови до охридскиот Аеродром, се до значајните вложувања во подобрувањето на севкупната сместувачка и услужна понуда изминатите неколку години. Епидемијата […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент


Преговорите за формирање на новата влада ќе почнат по Илинден. Тогаш, согласно законските рокови, како што соопшти СДСМ, ќе стартува процесот на дефинирање коалиција. Европската унија очекува стабилна владина коалиција и силен Парламент. Тоа го порача вчера, преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел. – Имајќи го предвид […]

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини


Нови 164 случаи со потврден вирус Ковид-19 од 1.612 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа пет пациенти, од кои најмладиот на 35-годишна возраст од Скопје, кој се лекувал во ГОБ „8 Септември“. Од крајот на февруари, кога почна епидемијата во земјава, вирусот е потврден кај вкупно […]

Променливо облачно и нестабилно


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали. Утринската температура […]

Заев одморот ќе го помине дома во Струмица


-Денеска си заминав од Скопје и до Илинден ќе бидам на одмор дома во Струмица,  изјави Заев за Либертас. Тој не планира ова лето да оди во некој од туристичките центри во земјава на одмор ниту пак во странство. Претходно и СДСМ преку соопштение извести дека имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза […]

Се поставува монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија


Почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ. Како што информира Министерството за здравство, монтажата треба да заврши до 30 јули, а кон средината на наредниот месец објектот целосно да биде подготвен за работа. -Во монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички […]

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19


Во последното деноноќие во Дебар забележен е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Според официјалните податоци, регистрирани се 18 новозаболени, што е трета двоцифрена бројка досега, по 10 јули кога имаше 17 и на 20 јуни кога исто така беа регистрирани 18 нови случаи. Со денеска потврдените, вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата […]

Нови 164 заболени од Ковид-19, петмина починаа


Во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, петмина починаа, а оздравеле 74 пациенти. -Скопје 59 -Куманово 12 -Дебар 18 -Штип 17 -Прилеп 1 -Тетово 6 -Струга 6 -Битола 1 -Кавадарци 2 -Гостивар 9 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 1 -Свети Николе 23 -Кичево 6 -Ресен 1 Починати […]

Поинтензивни врнежи утре, нема опасност од излевање на поголемите реки


Под влијание на атмосферски фронт утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи. – На поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведуваат од Управата. Оттаму […]

МОСТ: Нападот врз страницата на ДИК отвора сомнежи за испланирано сценарио


Граѓанската асоцијација МОСТ оценува дека предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули минале во фер и демократска атмосфера. „Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Изборната администрација ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради пандемијата на Ковид-19, со што граѓаните можеа безбедно да го остварат […]

Обвинителството отвори предмет за Апасиев


Скопското обвинителство отвори предмет за статус објавен на социјалните мрежи од страна на претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. „ОЈО Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено за истото лице пристигнаа две […]

ДИК го одложи рокот за медиумите за доставување на извештајот за реализирани услуги за изборите


Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека го одложува рокот за рокот за доставување на извештајот за реализирани услуги и фактурата која содржи примерок од објави од страна на печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), којшто истекува денеска (17 јули 2020 година), согласно Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за […]

СДСМ: Заев на одмор, Влада по Илинден


Социјалдемнократскиот сојуз денеска  ја информира јавноста дека по парламентарните избори лидерот Зоран Заев ќе оди на годишен одмор и ќе летува во Македонија, а постизборните активности и преговарања за составување на Влада ќе започнат по празникот Илинден. „Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го […]

Обвинителството отвори предмет за ФБ статусот на Апасиев „Сите ќе ве стреламе“


Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. „Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички […]

ЕУ очекува силен парламент и стабилна коалиција


Реакција во име на ЕУ за изборите на 15 јули стигна попладнево од страна на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија им честита на граѓаните што го искористија своето право на глас на изборите и покрај здравствените предизвици од Ковид-19 […]

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 35-та седница го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје бидејќи нема основни услови заради состојбата со коронавирусот […]

Две светиниколски конфекции остануваат затворени до понеделник


Светиниколските фабрики „Мода“ и „Кемтекс“ ќе бидат затворени до понеделник, информираше за МИА директорот, Ангел Димитров. Од досегашниот скрининг во двете конфекции се покажа дека 45 работници се заразени со коронавирусот, од кои 15 се претходно откриени пред масовното тестирање, кое е направено со одлука на раководството на двете конфекции. -Добро е што од нашите […]

Првпат извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај 68-годишен пациент со акутна леукемија


Стручниот тим на Универзитетската Клиника за хематологија првпат досега изврши трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент на 68 – годишна возраст со дијагноза акутна миелобластна леукемија, соопшти денеска Министерството за здравство. Од Клиниката информираат дека Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија, кој е лекуван со ваков современ тераписки […]

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и намалување на температурата


Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава […]